Миѓени
Слободни стихови
Напишано:
1936
Извор:
Миѓени „Несоница“, „Детска
радост“, Скопје, 1996
Препев: Гане Тодоровски
Техничка обработка:
Здравко Савески
Онлајн верзија: февруари 2016
Предговор на предговорите
I. ПЕСНИ НА ПРЕРОДБАТА
Синовите на новиот век
Нека се роди човек
Будење
Искра
Песна на младоста
Неиспеана песна
II. ПЕСНИ НА БЕДАТА
Поема на бедата
Градска балада
Рецитал на планинецот
Квартот на сиромасите
Богохулство
Прекината мелодија
Песна на затвореникот
Песна на гордата болка
Облиците на надчовекот
Изгубена рима
Крајот на есента
Скандалозна песна
Резигнација
Одломка
Новиот дух
Мотиви
Тежината на судбата
III. ПЕСНИ НА ЗАПАДОТ
Песната на западот
Душите скитнички
IV. ПЕСНА ЗА СЕБЕ
Песна за себе
V. ПЕСНИ ЗА МЛАДОСТА
Пролетна екстаза
Две усни
Пролетен сонет
На З. Б.
Средба
Една ноќ
Молба
На масата
Скока, прескокнува
Младешки копнеж
VI.ПЕСНИ ЗА КРАЈОТ
Бессоница
Патило
Вдахновение без среќа
Неразбирлива песна
Самотија
Под знамињата на меланхолијата
Синовите на новиот век
Ние, синовите на новиот век,
Кого што старец во својата
„светост“ го оставивме,
Тупаница за борба кренавме
За во нови битки
Да победиме...
Ние, синовите на новиот век,
Потомци на народ горкорек,
Попусто, со пот од чело полеана
–
Бидејќи, земјата, залак во туѓа
уста ни беше,
Душата, во некој безумен страв ни
трепереше,
Нам, на синовите на новиот век,
нам,
Нам, родени браќа, израснати во
беда и во срам,
Кога ни отчука последниот час,
Блажениот час,
Знаевме да извикаме на глас:
Нејќеме пораз!
Во крвавата игра на историјата
човечка,
Не! Пораз не! До тоа не се
довлечкавме!
Победа посакуваме ние!
Победа на совеста и за Мислата
нови страници.
Ги нејќеме за љубов старите
скапаници.
Нејќеме „свети нешта“
да следиме,
Нејќеме во виорите на бедата пак
да паѓаме,
Нејќеме тажаленки пак да редиме!
Песна еднолична, бездушна, ропска,
Осило да сме, забодено во умот на
човештвото.
Ние, синовите на веков нов,
Ко факел да сме разгорени за
полет,
Кон нови битки втурнати на бојно
поле,
И со за победи и подвиг
татковински благослов.
Поема на бедата
Бедата, брате, тоа е залак тешко
што се проголтува,
Залак што в грло застанува и те
поджолтува,
Ги гледаш таквите лица кога минат,
Налик на сенки блеги, полни
студенина,
Ги гледаш сиот живот –
такви и ќе си останат,
Дури им клука душата, дури не
потстанат,
Над нив во воздухот, некако в
шега,
Крстови и минариња кон небото
бегаат.
А бедата, очевидно, предавството
го претпоставува.
Бедата си има свој печат на
срамот:
Таа е гнасна, грда, гомарна,
самотна,
Има чело и очи има што сѐ пред
себе ќе впијат,
Има и усти што попусто ја кријат
–
Тие се плод на неукоста, на
презирот се лошини,
Од токму трпеза ништотни трошинки,
Од трпеза богатница каде што јале
и пиле
Тие што шкембиња дебели обесиле.
Бедата нема среќа. Партали има
таа.
Крпени руби – алосани,
маслосани, вошкосани,
Извалкани, изгнасени, парчосани.
Бедата беснее со стрвта своја кон
сите –
Кон мачките и глувците, кон
луѓето, кон пците,
Над неизвалканите черги,
мувлосани и мокри,
Над сѐ што нечистотијата скрива и
покрива,
Каде што нагонот ѕверски –
таа гнаса
Владее семоќно, и голта, апе, каса
За глад да засити и стрвта алчна
Да ја задоволи низ мисла мрачна.
И тука се зачнуваат улави,
убијци, просјаци, слуги,
И уште други, и зад нив други,
слични други...
Бедата од очите на денот гледа
Ко свеќа трепкава, жална, бледа,
Под пајажините на таваните чадни,
Гледа по аглите човечки сенки
страдни,
Цицалче гледа болникаво, коешто
гладно зине,
Дојките суви на мајка си ги кине,
А таа, бремена згора, колне и
псува
Од бога па сѐ до најдолу, оти не
прокопсува.
Рулчето не се смешка, слаб знак
на живот дава,
Мајка му не го сака, од него врти
глава,
- Леле, колку е тажна лулејката
на бедата,
Над која само солзи и воздишки се
редат!
Бедата ја подисправа на нозе
кутрата младеж
До височините на недосегливата
надеж,
Но, нема сили сиромаштијата
Да го вознемири блаженството на
оние што спијат.
Во беда расте човекот пред човек
да се случи.
Да се разминува со тупаницата таа
го учи.
Со тупаницата во која целиот ќе
се внесе
Кога ќе почне од глад во треска
да се тресе,
Кога ќе земе смртта в лице да му
сени,
Со пален знак на прокоба да го
обремени.
Бедата деноноќно низ грчеви се
јази,
Пот и’ се слева од градите,
очите и’ се слепи,
Во кал до коленици цапа, гази,
Целата утроба од глад и’ се
лепи.
И вместо „сполај“ за
трудот (од рано та до доцна)
Низ два-три гроша бакшиш –
силна клоца.
Бедата напати знае за шарки
– чарки, пустата,
Образите ги нацрвенува, ја
полакомува устата,
Телото ќе и’ заприлега на
извалкана стока
За мали пари продадена, за
недополнет бокал,
И така си се раситнува доблеста:
- Дамки во постелата, врз лицето,
во совеста!
Бедата телото со реим ти го полни.
Не како пари в каса, некој кога
подистури,
Туку во градите и во коските болни
А може и во спомен да се врзе,
дури,
Кога ти паднала стреата куќна или
друго нешто,
Кога под товар небесен покривот
се урнал,
Кога во очај и во безумство си се
втурнал
Да псуваш и да проколнуваш по сѐ
и сешто.
Така, без вина виновници сме му
богу,
- ќе рече попот – казна за
кривоверство!
Ваквите спомени, ваквите несреќи
многу
Животот му го трујат на
потпомството.
Бедата има смерна посестрима
– Чашата!
По крчми, в смрѓава, околу
нечисти маси
Душата жеднее и крева чаша врз
чаша
За од болките и од тежините на
денот да се спаси.
Тематска
архива за поезија и проза