Првпат објавено: „Народъ: органъ на Работническата социалъ-демократическа партия“, бр. 26, 30 април 1898.
Извор: Орде Ивановски,
Владо Ивановски, Вељо Брезовски „Работничкото и комунистичкото движење
во Македонија“, „Наша книга“, Скопје, 1970, 28 стр.
Техничка
обработка:
Драган Трајковиќ, Здравко
Савески
Онлајн верзија: ноември 2015
Од
Битолско добивме едно писмо од 19 ов. м. [април, стар стил] со кое ни
се јавува дека и таму неколку наши другари го отпразнувале празникот на
трудот во едно село, каде што утрото се собрале во една убава месност
крај селото и таму организирале еден скромен банкет. Еден од
празнувачите говорел за историското значење на празникот, за борбата на
работниците за осумчасовен работен ден, за економско и политичкото
ропство и друго. Празнувачите ја изјавуваат својата братска солидарност
со интернационалата и ги поздравуваат сите работници под знамето на
социјалдемократската партија. Тие пожелуваат исто така полна
солидарност во борбата со капитализмот. |
|
Забелешки на транскриберот
[1] Оваа вест е објавена без наслов, во рубриката „Дневни новини“. Насловот е даден од страна на транскриберот.