Карл Маркс

Писмо до Џени Маркс

Во Трир


Првпат објавено: Annali, an. 1, Milano, 1958
Извор: Hermes Atum
Превод: Хактан Исмаил, од турски
Техничка обработкаЗдравко Савески
Онлајн верзија: декември 2013


Манчестер, 21 јуни 1856 година

Сакана,

Ти пишувам повторно, затоа што сум сам и затоа што е тешко да разговарам со тебе цело време во мојата глава без ти да знаеш или да слушаш или да можеш да ми возвратиш...

Кусите разделби се добредојдени, затоа што кога константно сме заедно работите постануваат толку слични едни на други што не можеш да ги разликуваш една од друга. Дури и кога стоејќи рамо до рамо кулите се снижуваат, обичните и слични такви нешта гледајќи ги одблиску се зголемуваат. Mалите грижи, отстранувајќи ги од пред очи предметите кои се причина за нив, можат да исчезнат. Големите страсти кои со секое приближување, кое е во вид на ситна рутина, со магијата на растојанието растат и повторно ја добиваат нивната природна големина. Така е и со мојата љубов. Како би дознал дека времето на љубовта моја и’ служи исто како дождот и сонцето на растенијата, за нејзино растење, беше доволно, дури и само во сонот, да ми те оттргнат од мене. Уште во првиот момент од твојата отсутност, мојата љубов кон тебе почна да го покажува вистинското лице, она што навистина е. Џин кој ги обединува целата енергија на мојот дух и карактерот на моето срце. Ова ме тера повторно да се почувствувам како човек, затоа што сум исполнет со страст. Истражувањата и сите неизвесности на модерното образовани кои нè земаа в скут, објективни и субјективните впечатоци и скептицизмот кои нè тераат да бараме маана, нè прават мали, слаби и незадоволни. Но љубовта, не љубовта за Фојербаховиот тип на човек, не за Молечотијанскиот метаболизам, не и за пролетеријатот – туку љубовта кон саканата, односно кон вас, човека повторно го прави човек.

...

Постојат многу жени по светов, а некои од нив се и многу убави, но каде би можел да најдам лице како твоето, кое секоја негова карактеристика, дури и секоја негова брчка е потсетник на прекрасните и најслатки спомени од мојот живот? Дури и моите бескрајни болки, моите незаменливи загуби јас ги читам во твојот лик, ми ја снемува болката бакнувајќи го твоето слатко лице.

...

Збогум, мила моја, тебе и децата ве љубам илјадници пати.

Твојот Карл. 


Маркс-Енгелсова интернет архива

марксистичка интернет архива