Предговор кон германското издание од 1872 година
Предговор кон руското издание од 1882 година
Предговор кон германското издание од 1883 година
Предговор кон англиското издание од 1888 година
Предговор кон германското издание од 1890 година
Предговор кон полското издание од 1892 година
„Сојузот на комунистите", меѓународна работничка организација која при тогашните услови, ce разбира, можеше да биде само тајна, на конгресот што ce одржа во Лондон во ноември 1847 година им наложи на потпишаните да состават за јавноста опширна теоретска и практична програма на партијата. Така настана следниот Манифест, чиј ракопис беше испратен во Лондон за печатење на неколку недели пред Февруарската револуција. Објавен прво на германски, тој беше на овој јазик печатен најмалку во дванаесет разни изданија во Германија, Англија и Америка. На англиски ce појави за првпат во почетокот на 1850 година во Лондон во Red Republican („Црвен републиканец"), во превод на мис Хелен Макфарлен, a во 1871 година барем во три разни преводи во Америка. На француски јазик тој излезе прво во Париз, пред самото Јунско востание од 1848 година, и неодамна во њујоршкиот Le Socialiste („Социјалист"). Ce готви нов превод. На полски јазик ce појави во Лондон, кратко време по првото германско издание. На руски во Женева, шеесеттите години. На дански јазик тој исто така беше преведен наскоро по своето излегување.
Колку многу и да ce изменија условите во последниве дваесет и пет години, општите начела што ce изложени во овој Манифест остануваат и денеска во главното наполно точни. По нешто би имало да ce поправи овде-онде. Практичната примена на тие основни начела, како што го објаснува тоа самиот Манифест, ќе зависи насекаде и во секое време од дадените историски услови, и затоа никако не им ce придава некое посебно значење на револуционерните мерки што ce предлагаат на крајот на разделот II. Тоа место денеска во поглед на многу нешто поинаку би гласело. Земајќи го предвид огромниот развиток на крупната индустрија во последниве дваесет и пет години и паралелниот напредок на партиската организација на работничката класа, земајќи го предвид практичниот опит, прво од Февруарската револуција, a уште повеќе од Париската комуна, кога пролетаријатот за првпат ја имаше во рацете политичката власт за време од два месеца, таа програма е денеска наместа застарена. Особено Комуната докажа дека „работничката класа не може просто да ја присвои готовата државна машина и да ја стави во движење за своите сопствени цели" (види „Граѓанската војна во Франција. Адресата на Генералниот совет на Меѓународното работничко здружение", германското издание стр. 19, каде што е оваа мисла поопширно развиена). Понатаму, само по себе ce разбира дека критиката на социјалистичката литература е за денеска нецелосна, зашто зафаќа само до 1847 година; а исто така дека забелешките за ставот на комунистите спрема разните опозициони партии (раздел IV), иако ce во основните потези и денеска уште точни , сепак во подробностите ce денеска веќе затоа застарени што политичката положба ce измени откорен и што историскиот развиток ги избриша од животот повеќето од таму наброените партии.
Манифестот е еден историски документ, и ние повеќе не си го придаваме правото да изменуваме нешто во него. Можеби некое од понатамошните изданија ќе излезе со увод што ќе го премости растојанието од 1847 година до денеска. Ова издание дојде за нас толку неочекувано, што ние не можевме да најдеме време за таа работа.
Карл Маркс, Фридрих Енгелс
Лондон 24 јуни 1872 година
Првото руско издание на „Манифестот на комунистичката партија", во превод на Бакунин, излезе во почетокот на шеесеттите години во печатницата на „Колокол". Во тоа време руското издание на Манифестот можеше да му ce види на Запад само како еден литературен куриозитет. Денеска такво сфаќање би било веќе невозможно.
Колку ограничен простор во тоа време (декември 1847 година) зафаќаше пролетерското движење, најјасно покажува завршната глава на Манифестот: Ставот на комунистите спрема разните опозициони партии во разни земји. Тука ги нема токму Русија и Соединетите Држави. Тоа беше времето кога Русија беше последната голема резерва на целокупната европска реакција; кога Соединетите Држави со имиграцијата ги голтаа одвишните сили на европскиот пролетаријат. Обете тие земји ја снабдуваа Европа со суровини и во исто време беа пазари на кои Европа ги продаваше своите индустриски производи. Обете земји тогаш беа, значи, на овој или оној начин, столбови на постојниот европски поредок.
Колку сето тоа е сега изменето! Токму европските доселеници и овозможија на Северна Америка да развие гигантско земјоделско производство, кое со својата конкуренција во самите темели ја потресува европската земјишна сопственост — мала и голема. Освен тоа миграцијата им овозможи на Соединетите Држави да ги исползуваат своите огромни индустриски помошни извори со таква енергија и во такви размери што тоа во скоро време мора да го скрши досегашниот индустриски монопол на Западна Европа, a особено на Англија. Двете тие околности дејствуваат од своја страна на Америка во револуционерна смисла. Малата и средната земјишна сопственост на фармерите, основата на целото политичко устројство, постепено и подлегнува на конкуренцијата на гигантските фарми; a истовремено во индустриските области ce развива за првпат масовен пролетаријат и баснословна концентрација на капитали.
A Русија! во времето на револуцијата од 1848/49 година не само европските владари, туку и европските буржуи наоѓаа во руската интервенција единствен спас од тукушто разбудениот пролетаријат. Царот беше прогласен за шеф на европската реакција! Денеска е тој воен пленик на револуцијата во Гатчин, a Русија е претстража на револуционерната акција во Европа.
Задачата на Комунистичкиот манифест беше да ја прогласи неизбежната претстојна пропаст на современата буржоаска сопственост. A во Русија, заедно со капиталистичкиот батакчилак, кој толку брзо ce развива, и со буржоаската земјишна сопственост, која веќе почнува да ce развива, ја наоѓаме поголемата половина од земјата во рацете на заедничкиот селански посед. Изникнува прашањето: може ли руската опшчина, таа макар и многу поткопана форма на првобитниот заеднички земјишен посед, да премине направо во повисока форма на комунистичката заедничка сопственост? Или, напротив, таа мора пред тоа да го мине истиот процес на распаѓање што го преминува во историскиот развиток на Запад?
Единствениот одговор што е денеска можно да се даде на тоа е овој: ќе стане ли руската револуција сигнал за една пролетерска револуција на Запад, така што едната со другата да ce дополнуваат, тогаш може сегашната руска заедничка земјишна сопственост да послужи како излезна точка на комунистичкиот развиток.
Карл Маркс, Фридрих Енгелс
Лондон, 21 јануари 1882 година
Предговорот кон ова издание морам, за жал, сам да го потпишам. Маркс, човекот на кого целокупната работничка класа на Европа и Америка му должи повеќе одошто на кој и да било друг — лежи во Хајгетските гробишта и над неговиот гроб веќе расте првата трева. По неговата смрт не може повеќе воопшто да ce говори за преработка или дополнување на Манифестот. Толку повеќе сметам за потребно овдека уште еднаш изречно да го утврдам следново:
Основната мисла што ce провлекува низ Манифестот: дека економското производство и од него нужно настанатата општествена структура на секоја историска епоха ја составуваат основата на политичката и умствената историја на таа епоха; дека, според тоа (од распаѓањето на првобитната заедничка сопственост на Земјата), целата историја била историја на класни борби, борби меѓу експлоатираните и експлоататорите, меѓу потчинетите и владејачките класи на различните степени на општествениот развиток; но дека таа борба достигнала сега таков степен на кој експлоатираната и угнетена класа (пролетаријатот) повеќе не може да ce ослободи од класата што неа ја експлоатира и угнетува (од буржоазијата), a да не го ослободи истовремено и целото општество од експлоатацијата, од угнетувањето и класните борби — оваа основна мисла му припаѓа единствено и исклучиво на Маркс. [1]
Јас тоа сум го рекол повеќе пати; но токму сега е потребно тоа да стои и пред самиот Манифест.
Ф. Енгелс
Лондон, 28 јуни 1883 година
„Манифестот" беше објавен како програма на „Сојузот на комунистите" — отпрвин исклучиво германско, a подоцна меѓународно работничко здружение, кое при политичките услови на европскиот континент пред 1848-та беше неизбежно тајна организација. На конгресот на Сојузот, кој ce одржа во ноември 1847-та вo Лондон, на Маркс и Енгелс им беше ставено во должност да подготват, со цел да ce објави, една целосна теоретска и практична програма на партијата. Таа работа беше извршена во јануари 1848та, и ракописот на германски јазик беше испратен за печатење во Лондон, на неколку недели пред француската револуција од 24 февруари. Францускиот превод излезе во Париз за едно кратко време по Јунското востание од 1848 година. Првиот англиски превод, од мис Елен Макфарлејн, ce појави во Red Republican („Црвен републиканец") на Џорџ Џулијан Харни, во Лондон 1850 година. Беше објавен и дански и полски превод.
Задушувањето на париското Јунско востание од 1848-та — на таа прва голема битка помеѓу пролетаријатот и буржоазијата — пак привремено ги подбутна на заден план општествените и политичките стремежи на работничката класа на Европа. Оттогаш борбата за превласт, пак како во времето пред Февруарската револуција, ја водеа меѓу себе само различните групи на имотната класа; работничката класа беше ограничена на борбата за слобода на политичкото дејствување и на положбата на крајно лево крило на радикалните елементи од средниот сталеж. Таму каде што самостојните пролетерски движења продолжија да даваат знаци на живот, беа немилосрдно задушувани. Така пруската полиција и влезе во трагата на Централната управа на Сојузот на комунистите, која тогаш ce наоѓаше во Келн. Нејзините членови беа уапсени и, по притвор од 18 месеци, беа изведени пред суд, во октомври 1852 година. Овој прочуен „Келнски комунистички процес" траеше од 4 октомври до 12 ноември: седуммина од уапсените беа осудени на строг темничен затвор од 3 до 6 години. Веднаш по оваа пресуда останатите членови формално го распуштија Сојузот. Што ce однесува до „Манифестот", изгледаше дека е тој оттогаш осуден да падне во заборав. Кога работничката класа на Европа закрепна пак во доволна мера за. нов напад на владејачката класа, ce создаде Меѓународното работничко здружение. Но тоа здружение, кое беше основано со определена цел — да го сплоти во една единствена заедница целиот борбен пролетаријат на Европа и Америка, не можеше веднаш да ги прогласи принципите изложени во „Манифестот". Интернационалата мораше да има програма доволно широка, за да може да биде прифатлива за англиските тредјуниони, за француските, белгиските, италијанските и шпанските приврзаници на Прудон и за ласаловците во Германија. [2] Маркс, кој ја состави таа програма така што да мора да ги задоволи сите тие партии, имаше полна доверба во интелектуалниот развиток на работничката класа, развиток што мораше да дојде како резултат од поврзаноста на акцијата и дискусијата. Настаните и перипетиите на борбата против капиталот — при што поразите уште повеќе отколку победите — сами по себе не можеа да не доведат до свест кај работниците за слабоста на разни нивни омилени надрилекари и да не им го покажат патот кон позадлабочено разбирање на вистинските претпоставки за ослободувањето на работничката класа. И Маркс беше прав. Кога во 1847 година Интернационалата ce распадна, таа ги остави работниците во сосема поинаква состојба од онаа во која ги затекна во 1846-та при своето основање. Прудонизмот во Франција и ласалството во Германија беа на умирање, a дури и конзервативните англиски тредјуниони, при ce што во своето мнозинство ја имаа одамна прекинато врската со Интернационалата, постепено ce приближуваа кон моментот кога претседателот на нивниот конгрес што ce одржа минатата година во Свенси можеше да каже од нивно име: „Континенталниот социјализам престана да биде за нас страшен". Навистина, принципите на „Манифестот“ значително ce беа рашириле меѓу работниците на сите земји.
На тој начин и самиот „Манифест" одново излезе на преден план. Германскиот текст ce преиздаваше од 1850-та на неколку пати во Швајцарија, Англија и Америка. Во 1872 година тој беше преведен на англиски јазик, и тоа во Њујорк, каде што преводот беше објавен во Wobdhull and Claflin's Weekly. Врз основа на овој англиски превод беше направен и еден француски во њујоршкиот Le Socialiste. Оттогаш во Америка излегоа најмалку уште два англиски превода, повеќе или помалку сакатени, од кои едниот е препечатен во Англија. Првиот руски превод, направен од Бакунин, беше издаден некаде околу 1863та во Женева во печатницата на Херценовиот „Колокол"; вториот руски превод, кој и припаѓа на херојската Вера Засулич, излезе исто така во Женева во 1882 година. Новото данско издание ce појави во Socialdemokratisk Bibliothek, Копенхаген 1885; новиот француски превод во Le Socialiste, Париз 1886. Од овој последниов беше направен шпанскиот превод, објавен во Мадрид 1886 година. За повторните германски изданија и да не говориме, нив ги имаше најмалку дванаесет. Преводот на ерменски јазик, кој пред неколку месеци требаше да излезе во Цариград, не виде бело видело, зашто издавачот, како што ми кажаа, немал храброст да ја издаде книгата со името на Маркс, a преведувачот не ce согласувал да ја означи како свое дело. За понатамошни преводи на други јазици јас навистина имам чуено, но нив не сум ги имал пред очи. Така, во историјата на „Манифестот" во голема мера ce огледува историјата на современото работничко движење; денеска е тој несомнено најраширеното, најинтернационалното дело на целата социјалистичка литература, општа програма што ја признаваат милиони работници од Сибир до Калифорнија.
И сепак, кога го пишувавме, ние не можевме да го наречеме социјалистички манифест. Во 1847 година под името социјалисти беа познати, од една страна, приврзаниците на разни утопистички системи: овенистите во Англија, фуриеристите во Франција, при што и едните и другите ce изродија во секти што постепено умираа; од друга страна, севозможни социјални надрилекари што ветуваа, без никаква опасност за капиталот и профитот, да ги излекуваат сите социјални зла со помошта на разни крпачки. И во двата случаја тоа беа луѓе што стоеја надвор од движењето на работничката класа и што бараа поткрепа побргу кај „наобразуваните" класи. A оној дел од работничката класа кој ce увери во недоволноста на чисто политичките преврати и кој бараше целосна преобразба на општеството, тој дел ce нарекуваше тогаш комунистички. Тоа беше уште суров, неизделкан, чисто инстинктивен вид комунизам; но тој ја погодуваше кардиналната точка и ce покажа меѓу работничката класа доволно силен да го создаде утопискиот комунизам: во Франција — комунизмот на Кабе, a во Германија — комунизмот на Вајтлинг. Така, во 1847-та социјализмот беше движење на средниот сталеж, a комунизмот движење на работничката класа. Социјализмот, барем на континентот, беше „способен за салон", a комунизмот токму обратно. Па бидејќи ние уште од самиот почеток бевме на мислење дека „ослободувањето на работничката класа мора да биде дело на самата работничка класа", за нас не можеше да има никакво сомневање во тоа кој од двата назива треба да ce избере. Дури и нешто повеќе, нам и понатаму никогаш не ни паѓало на ум да ce откажеме од него.
При ce што е „Манифестот" наше заедничко дело на двајцата, јас сепак ce сметам за должен да констатирам дека основната мисла што го составува неговото јадро му припаѓа на Маркс. Таа мисла е: дека во секоја историска епоха владејачкиот начин на економското производство и на размената и општествената структура што произлегува од него ја составува основата на која ce изградува политичката и интелектуалната историја на таа епоха и со помошта на која оваа единствено и може да ce објасни; дека, според тоа, целата историја на човештвото (од укинувањето на примитивниот родовски поредок со неговата заедничка сопственост на земјата) била историја на класни борби, борби помеѓу експлоататорите и експлоатираните, помеѓу владејачките и угнетуваните класи; дека историјата на тие класни борби, претставувајќи еден ред во развитокот, го има сега достигнато оној степен на кој експлоатираната и потисната класа — пролетаријатот — не може веќе да го постигне своето ослободување од јаремот на експлоататорската и владејачка класа — буржоазијата, без да го ослободи заедно со тоа целото општество од секоја експлоатација и секое угнетување, од сите класни разлики и класни борби.
Кон оваа мисла, која, по мое мислење, е повикана да ја поведе историската наука кон таков напредок кон каков што ги поведе теоријата на Дарвин природните науки, двајцата ние постепено ce приближувавме уште од неколку години пред 1845-та. Колку јас во тој правец имав напреднато самостојно, најдобро покажува мојата работа „Положбата на работничката класа во Англија" [3] . Но кога во пролетта 1945-та ce најдов пак со Маркс во Брисел, тој неа ја беше разработил веќе наполно и ми ја изложи со зборови што беа речиси исто толку јасни колку и оние со кои јас ја приведов неа овдека.*
Преводот во ова издание го има направено Семјуел Мур, кој го преведе и поголемиот дел од „Капиталот". Ние заедно го прегледавме него, и јас додадов неколку забелешки под текстот заради објаснувањето на историските алузии.
Лондон, 20 јануари 1888 г.
Фридрих Енгелс
Од времето кога беа напишани горните редови ce појави потреба за ново германско издание на „Манифестот", a и со самиот „Манифест" ce случија доста работи што треба овде да ги споменеме.
Во 1882-та во Женева излезе вториот руски превод, направен од Вера Засулич; предговорот за тоа издание го напишавме Маркс и јас. За жал, германскиот оригинал во ракопис ми загина, и сега морам да преведувам обратно од руски, од што работата, ce разбира, донекаде губи. Еве го тој предговор:**
Околу тоа време излезе во Женева нов полски превод: Manifest Kommunistyczny.
Потоа ce појави нов дански превод во Socialdemokratisk Bibliothek, Kjobenhavn 1885. Тој, за жал, не е полн; некои суштествени места, кои, изгледа, на преведувачот му претставувале тешкотија, ce испуштени, a и инаку овде-онде ce забележуваат траги на немарност, кои ce толку понепријатни што, и на самата работа ce гледа, преведувачот со малку повнимателен однос можел да даде одличен превод.
Во 1886та излезе нов француски превод во Le Socialiste, Париз; тој е досега најдобриот.
Од тој француски превод беше направен и издаден истата година шпански превод, кој излезе прво во мадридскиот El Socialista, a потоа како одделна брошура: Manifesta del Patrido Comunista, por Carlos Marx y F. Engels. Madrid. Administracion de „El Socialista", Hernan Cortés 8.
Како куриозитет ќе го наспоменам уште и тоа дека во 1887-та на еден цариградски издавач му беше предложен во ракопис ерменскиот превод на „Манифестот", но тој добар човек немал храброст да печати една работа на која стоеше името на Маркс, па наоѓал за позгодно преведувачот да ce потпише на него како автор, со што овој не ce согласил.
Во Англија на повеќе пати ce преиздаваа разни повеќе или помалку неточни американски преводи. Најпосле, во 1888-та ce појави автентичен превод. Него го направи мојот пријател Самуел Мур, и пред неговото печатење ние двајцата заедно го погледавме. Насловот му е: Manifesto of the Communist Party, by Karl Marx and Frederick Engels. Authorized English Translation, edited and annotated by Frederick Engels, 1888. London, William Reeves, 185 Fleet st. E.C.
Некои мои забелешки што ги направив таму ги внесов и во сегашново издание.
Манифестот имаше свој сопствен животен пат. Во часот кога ce појави беше одушевено дочекан од тогашната уште малобројна авангарда на научниот социјализам (како што тоа го докажуваат преводите наведени во првиот предговор), но наскоро него го потисна на заден план реакцијата што почна со поразот на париските работници, во јуни 1848 година, додека најпосле не беше „правно" објавен за надвор од законот, со осудата на келнските комунисти во ноември 1852 година. Со исчезнувањето на работничкото движење од јавната арена, кое датира од Февруарската револуција, стапи и Манифестот на заден план.
Кога европската работничка класа пак доволно зајакна за нов напад врз власта на владејачките класи, изникна Меѓународното работничко здружение. Неговата цел беше да го обедини целокупното борбено работништво на Европа и Америка во една голема војска. Затоа тоа не можеше да тргне од начелата изнесени во Манифестот. Тоа мораше да има таква програма што не би ги затворала вратите за англиските тредјуниони, за француските, белгиските, италијанските и шпанските прудонисти и за германските ласаловци [4]. Таа програма — образложенија кон статутот на Интернационалата — ја состави Маркс на мајсторски начин, што го признаа дури и Бакунин и анархистите. За конечната победа на поставките изнесени во Манифестот, Маркс ce опре единствено на интелектуалниот развиток на работничката класа, кој мораше да ce јави како плод на заедничката акција и дискусија. Настаните и обртите во борбата против капиталот, поразите уште повеќе одошто победите, неизбежно мораа да им ја направат јасна на борците слабоста на нивните дотогашни лекови за сите болести, a нивните глави да ги направи повосприемчиви за темелното разбирање на вистинските услови за еманципацијата на работниците. И Маркс имаше право. Работничката класа од 1874 година, кога Интернационалата беше распуштена, беше сосем поинаква отколку што беше во 1864 година при нејзиното основање. Прудонизмот во романските земји и специфичното ласаловство во Германија беа на умирачка, па, и тогашните архиконзервативни англиски тредјуниони пополека дојдоа дотаму што во 1887 година претседателот на нивниот конгрес во Свенси можеше да каже од нивно име: „Континенталниот социјализам престана за нас да биде страшен". A континентален социјализам веќе во 1887 година беше речиси исклучиво уште само онаа теорија што ја излага Манифестот. И така историјата на Манифестот до извесен степен ја одразува историјата на современото работничко движење од 1848 година наваму. Сега пак Манифестот е несомнено најраширениот, најинтернационалниот производ на целокупната социјалистичка литература, заедничка програма на многу милиони работници од сите земји од Сибир до Калифорнија.
И сепак, во времето кога тој излезе, ние не можевме да го наречеме социјалистички манифест. Во 1847 година под социјалисти ce подразбираа два вида луѓе. Од една страна, приврзаниците на разните утопистички системи, специјално овенистите во Англија и фуриеристите во Франција — кои во тоа време веќе ce изродија во чисти секти на одумирање. Од друга страна, најразлични социјални надрилекари што сакаа општествените неволји да ги отстранат со разни надрилекарства и со крпачки, не причинувајќи му со тоа ни најмала болка на капиталот и профитот. Во обата случаја тоа беа луѓе што стоеја надвор од работничкото движење и што, напротив, поддршка бараа кај „наобразуваните" класи. Спротивно на тоа, овој дел од работниците што, уверен во недостатноста на самите политички преврати, бараше темелна преобразба на општеството, тогаш ce викаше комунистички. Тоа беше уште суров, само инстинктивен, донекаде груб комунизам; но тој беше доволно силен за да ги роди двата система на утопискиот комунизам — „икарскиот" комунизам на Кабе во Франција и комунизмот на Вајтлинг во Германија. Социјализмот во 1847 година значеше буржоаско движење, a комунизмот — работничко движење. Социјализмот, барем на континентот, беше способен за салон-комунизмот спротивно од тоа. Па бидејќи тогаш ние сосема решително бевме на мислење дека „ослободувањето на работниците мора да биде дело на самата работничка класа", не можевме ни за миг да ce сомневаме кое име од тие две да го земеме. И оттогаш нам никогаш не ни паднало на ум да ce откажеме од него.
„Пролетери од сите земји, обединете ce!" Само малку гласови одговорија кога ние, пред 42 години, го пуштивме на бел свет овој повик, спроти првата париска револуција, во која пролетаријатот истапи со сопствени барања. Но на 28 септември 1864 година пролетерите од повеќето западноевропски земји ce обединија во славното Меѓународно работничко здружение. Самата Интернационала, навистина, живееше само девет години. Но дека основаниот од неа вечен сојуз на пролетерите од сите земји уште живее, и живее посилно од секогаш, за тоа најдобро сведочи токму денешниов ден. Зашто денеска, кога ги пишувам овие редови, европскиот и американскиот пролетаријат вршат смотра на своите борбени сили, за првпат мобилизирани во една армија под едно знаме, и за една најблиска цел: за законско утврдување на осумчасовниот нормален работен ден, што го прогласи уште женевскиот конгрес на Интернационалата во 1866 година, a повторно парискиот работнички конгрес во 1889 година. Глетката на денешниот ден ќе им ги отвори на капиталистите и земјовладелците од сите земји очите — дека пролетерите од сите земји денеска ce навистина обединети.
Само да беше Маркс сега тука крај мене, да го гледаше тоа со своите очи!
Ф. Енгелс
Лондон, 1 мај 1890 година
Фактот дека ce појави потреба за ново полско издание на „Комунистички манифест" побудува кон забелешки.
Пред cè ce забележува дека Манифестот во последно време стана своевиден показател за развитокот на крупната индустрија на европскиот континент. Во истата мера во која во оваа или онаа земја ce развива крупната индустрија, меѓу работниците на таа земја ce засилува и стремежот да си го разјаснат ставот како работничка класа спрема имотните класи, ce шири меѓу нив работничкото движење и расте побарувачката за Манифестот. Така, според бројот примероци на Манифестот, раширени во оваа или онаа земја на нејзиниот јазик, може со прилична точност да ce определи не само состојбата на работничкото движење туку и степенот на развитокот на крупната индустрија во таа земја.
Според тоа, новото полско издание на „Манифестот" сведочи за значителен напредок на полската индустрија. A дека таков напредок имало навистина за овие десет години што поминаа од времето на последното издание, не може да има во тоа никакво сомневање. Полското царство, конгресната Полска, стана крупен индустриски реон на Руската империја. Додека рус ката индустрија е расфрлена по разни места — еден дел во Финскиот Залив, друг но центарот (Москва и Владимир), трет на крајбрежјето на Црно и Азовско Море, a другите растурени вамутаму — полската индустрија е сконцентрирана на релативно мал простор и ги чувствува како предностите така и незгодите од таа концентрација. Тие предности ги увидоа конкурентските руски фабриканти, кога, и покрај својата пламена желба да ги русифицираат Полјаците, побараа заштитни царини спрема Полска. A незгодите — како за полските фабриканти така и за руската влада — ce покажуваат во брзото ширење на социјалистичките идеи меѓу полските работници и во ce поголемото барање на „Манифестот".
Но тој брз развиток на полската индустрија, која ја остави назад руската, претставува од своја страна нов доказ за непресушливата животна сила на полскиот народ и нова гаранција за неговата идна национална преродба. A преродбата на една независна силна Полска не е работа што ce однесува само на Полјаците туку и на сите нас. Искрената меѓународна соработка на европските нации е можна само ако секоја нација биде наполно автономна во својата куќа. Револуцијата од 1848-та. која, под знамето на пролетаријатот, најпосле ги пушти пролетерските борци да ја свршат само работата на буржоазијата, ја оствари заедно со тоа, со рацете на извршителите на нејзиниот тестамент — Луј Бонапарта и Бизмарк — независноста на Италија, Германија и Унгарија; но Полска, која во времето од 1792-та наваму направи за револуцијата повеќе отколку сите тие три земји заедно, во моментот кога во 1863-та и подлегна на десет пати поголемата руска сила, ја препуштија сама на себеси. Благородништвото не можеше ни да ја одржи ни да ја поврати независноста на Полска, буржоазијата е денеска во однос на таа независност во најмала рака рамнодушна. Па сепак за хармоничната соработка на европските нации таа е една неопходност. Таа независност може да ја извојува само полскиот пролетаријат, и во неговите раце таа ќе биде наполно безбедна. Зашто за работниците на сета останата Европа независноста на Полска е исто така потребна како што е потребна за самите полски работници.
Ф. Енгелс
Објавувањето на „Манифестот на комунистичката партија" ce совпадна, може да ce каже, со денот на револуциите во Милано и во Берлин, 18 март 1848 го дина, со вооружено востание на две нации, од кои едната ce наоѓа во центарот на европскиот континент, a другата — во центарот на Средоземноморјето; на две нации што до тоа време беа ослабени со територијална раздробеност и со внатрешни расправии што ги доведоа под туѓа власт. Ако Италија му беше потчинета на австрискиот император, Германија ce наоѓаше под не помалку осетливиот, иако не толку директен, јарем на царот на сите Руси. Резултат на 18 март 1848 година беше ослободувањето на Италија и Германија од таа срамотија; ако тие две големи нации во времето од 1848-та до 1871-та беа обновени и ако ним во извесна мера им беше вратена самостојноста, тогаш тоа стана, како што велеше Карл Маркс, затоа што оние исти луѓе што ја задушија револуцијата од 1848-та, после, против својата волја, беа извршители на нејзиниот тестамент.
Насекаде таа револуција беше дело на работничката класа; работничката класа беше таа што ги подигаше барикадите и ја пролеваше својата крв. Но само работниците на Париз, кога ја турнаа владата, имаа сосема определена намера да ја турнат и власта на буржоазијата. Меѓутоа, колку и да беа свесни за неизбежниот антагонизам што суштествуваше меѓу нивната сопствена класа и буржоазијата, ниту економскиот развиток на земјата ниту духовниот развиток на француските работнички маси го имаа уште достигнато оној степен што би ја овозможил општествената преобразба.
Затоа плодовите на револуцијата, во крајниот резултат, ги собра капиталистичката класа. Во други земји — во Италија, во Германија, во Австрија — тие не направија во основата ништо друго освен тоа што ја доведоа буржоазијата на власт. Но во ниедна земја владеењето на буржоазијата не е можно без национална независност. Револуцијата од 1848-та мораше поради тоа да доведе до обединување и независност на оние нации што дотогаш тоа не го имаа: Италија, Германија, Унгарија. Редот и е сега на Полска.
Ако, значи, револуцијата од 1848-та и не беше социјалистичка револуција, таа сепак го расчисти патот и го подготви теренот за неа. Со поттикот што и’ го даде на крупната индустрија но сите земји, буржоаскиот поредок создаде за последниве четириесет и пет години насекаде многуброен, сконцентриран и силен пролетаријат; така тој, да употребам еден израз од „Манифестот", ги роди своите сопствени гробари. Без воспоставувањето на независност и единство на секоја нација не е можно ни меѓународното обединување на пролетаријатот, ниту пак мирната и свесна соработка на тие нации за постигање на заедничките цели. Нека ce проба некој да замисли заедничко истапување на италијанските, унгарските, германските, полските и руските работници при политичките услови од времето пред 1848-та година!
Според тоа, битките од 1848-та не беа залудни. Не поминаа залудно ни 45-те години што не одделуваат од тој револуционерен период. Неговите плодови почнуваат да зреат, и јас би сакал само објавувањето на овој италијански превод на „Манифестот" да биде добар предвесник на победата на италијанскиот пролетаријат, камо што и објавувањето на оригиналот беше предвесник на меѓународната револуција.
„Манифестот" и оддава полна справедливост на револуционерната улога што ја изигра капитализмот во минатото. Првата капиталистичка нација беше Италија. Крајот на феудалното средновековје, почетокот на современата капиталистичка ера ce одбележани со една грандиозна фигура. Тоа е Италијанецот Данте, последниот поет на средновековјето и заедно со тоа првиот поет на новото време. Сега, како и во 1300-та година, настапува нова историска ера. Ќе ни даде ли Италија нов Данте, кој ќе го објави часот на раѓањето на оваа нова, пролетерска ера?
Фридрих Енгелс
Лондон, 1 февруари 1893 г.
Забелешки
1) „Кон оваа мисла", велам јас во предговорот кон англиското издание, „која, според моето мислење, е повикана историската наука да ја поведе кон исто таков напредок кон каков што Дарвиновата теорија ги поведе природните науки, обајцата ние постепено ce приближуваме уште на неколку години пред 1845. Колку јас самиот во тој правец самостојно напредував, покажува мојата работа „Положбата на работничката класа во Англија". Но кога во пролетта 1845 година јас пак ce најдов со Маркс во Брисел, тој веќе ја беше разработил таа мисла и ми ја изложи со зборови што беа речиси исто толку јасни како оние во кои јас горе ја приведов". (Енгелсова забелешка во германското издание од 1890 година).
2) Ласал лично секогаш ни признаваше дека е ученик на Маркс и дека, како таков, стои врз почвата на „Манифестот". Но во својата јавна агитација 1862—1864 тој не отиде понатаму од барањето на производителски задруги поткрепувани со државен кредит (Енгелсова забелешка).
3) „The Condition of the Working Class in England in 1844". By Frederick Engels. Translated by Florence K. Wischnewetzky, New York, Lovell — London. W. Reeves, 1888 (Енгелсова забелешка).
*) Тука Енгелс преминува кон цитирање на целиот втор пасус и на првата реченица од третиот (последниот) од предговорот кон германското издание од 1872. Овде го изоставаме цитираниот текст со оглед на тоа што е понапред даден самиот предговор во целост. — Прев.
**) Тука Енгелс го приведува во целост предговорот кон руското издание од 1882 година. Во ова наше издание тој е даден посебно, па затоа го испуштаме одовде. — Прев.
4) Во односите со нас Ласал секогаш лично признаваше дека е Марксов „ученик" и како таков, ce разбира, стоеше врз почвата на „Манифестот". Сепак во својата јавна агитација во 1862—1864 година тој не отиде потаму од барањето за производствени задруги со државен кредит. (Енгелсова забелешка).