Напишано: 1936 или
почеток на 1937
Извор: Волче Наумчески „Стихови
1939-1941)“, „Студентски збор“, Скопје, 1979, 13-14
стр.
Препев/превод: Волче Наумчески,
од српски јазик
Техничка обработка: Здравко Савески
Онлајн верзија: октомври 2014
Шпанијо мила, Шпанијо драга,
Секогаш будна
си била, будна си и сега;
Твојата крв
жива отсекогаш врие,
Не мирува,
игра, се смее на смртта.
Во овој момент
Црвени реки и
потоци чиста крв и живи човечки меса
Се разнесуваат.
Тиранот
беснее, станува против слободата на работниот народ.
Тој сака, тој
има желба семето на слободата во заблуда да го фрли
и со лага и со
измама гнасна
Правото
добиено со крв
Да го одземе.
Но не!
Шпанијо, слободо, ти си будна!
Твоите синови
храбри гинат под тенковите,
Под воздушните
лавови, под црната темнина, во рововите -
Тука тие
телата свои ги оставаат засипани со земја.
Од топовските
гранати и машинските пушки
Нивните тела
се растргнати на сите страни:
Некаде глава,
некаде нозе, некаде тупаница уште се стега
- мртва се
заканува...
Тука е борбата, тука е куќата - гробот длабок,
Каде што
животот на мнозина се гасне.
Но крвта,
Шпанијо, о драга Шпанијо,
Ти како вечен
симбол ја носиш
За слобода, за уривање на ропството, ти Шпанијо, ти
слободо!