Карл Маркс Фридрих Енгелс

Германска идеологија


IV KARL GRÜN

„DIE SOZIALE BEWEGUNG IN FRANKREICH UND BELGIEN (DARMSTADT 1845) (Социјалното движење во Франција и Белгија (Дармштат, 1845) — Прев.)

ИЛИ

ИСТОРИОГРАФИЈА HA „ВИСТИНСКИОТ СОЦИЈАЛИЗАМ"

„Велиме отворено: да не требаше тука да ce окарактеризира сиов овој сој... ние ќе го фрлевме перото... И еве сега таа" („Историјата на општеството" од Мунт) „излегува со истите претензии пред широкиот круг од читателската публика, публика која гладно посегнува кон сето она што на челото го носи зборот социјално, бидејќи здравиот усет за она што е добро и зборува какви тајни на иднината ce скриени во ова зборче. Двократна е одговорноста на писателот, двократна е и казната ако ce зафатил за работа неповикан!"

„Всушност, ние не сакаме да спориме со господин Мунт околу тоа дека тој за практичните постигања на социјалната литература во Франција и Англија го знае само она што му го соопштил господин Л. Штајн чија книга можеше да добие признание кога ce појави... Но во наши дни ... да ce фразира за Сен-Симон, да ги нарекуваш Базар и Анфантен две гранки на сенсимонизмот, да го ставиш зад нив Фурие, да дрдориш глупости за Прудон итн. ! ... Сепак, на драго срце ние ќе замижевме на едното око ако барем на оригинален и нов начин беше изложена генезата на социјалните идеи."

Со оваа надуена, радамантовска 49 сентенција ja започнува господин Грин („Neue Anekdota", стр. 122, 123) рецензијата на „Историјата на општеството" од Мунт.

Како ќе ce стаписа читателот од артистичкиот талент на господин Грин, кога ќе разбере дека под горната маска тој ja крие само самокритиката на својата сопствена, тогаш cè уште неродена книга.

Господин Грин ни дава забавна глетка на стопанисувањето на „вистинскиот социјализам" со младогерманската литература. Споменатава книга е напишана во вид на писма до една дама, од каде читателот може веќе да насети дека тука длабокоумните богови на „вистинскиот социјализам" шеткаат овенчани со ружите и миртите на „младата литература". Да набереме веднаш неколку ружи:

„'Кармањолата' сама ce пееше во мојава глава ... но во секој случај е ужасно што кармањолата може во главата на германскиот писател, ако не постојано да престојува, тоа барем да појаде" Стр. 3.
„Да ми е тука стариот Хегел ќе го фатев за уши: што, зар природата е друго битие на духот? Што, зар тој е ноќен чувар?" Стр. 11.
„Во извесна смисла Брисел претставува француски конвент: тој има партија на Ридот и партија на Долината." Стр. 24.
„Линебуршка пустелија на политиката." Стр. 80.
„Шарена, поетска, недоследна, фантастична хризалида." Стр. 82.
„Либерализмот на Реставрацијата, тој кактус без почва, кој како паразитско растение ce обвива околу клупата на пратеничкиот дом". Стр. 87, 88.

Дека кактусот не е ниту „без почва" ниту „паразитско растение" тоа и нанесува исто толку малку штета на оваа убава слика колку и на претходната, фактот дека не постојат ниту „шарени" ниту „поетски" ниту „недоследни" „хризалиди" или ларви.

„Јас самиот себеси си изгледам сред овој океан" (од весниците и новинарите во кабинетот на Монпансие) „како втор Ное кој ги испраќа своите гулаби да видат дали може некаде да ce изградат колиби и да ce насади лоза, дали може да ce склучи разумна спогодба со разгневените богови." Стр. 259.

Господин Грин зборува тука веројатно за својата дејност како новинарски дописник.

„Камил Демулен беше човек. Конституантата ce cocтоеше од филистри. Робеспјер беше добродетелен магнетизатор. Со еден збор, новата историја е борба на живот и смрт против épiciers (бакалите прев.) и магнетизаторите ! ! !" Стр. 311.
„Среќата е плус, но плус на степен икс" (стр. 203)

И така среќа = (+)^х ; таквата формула може да ce најде само во естетичката математика на господин Грин.

„Организација на трудот, што е тоа? И народите и одговараат на сфингата со илјади весникарски гласови... Франција ja пee строфата, a Германија, старата мистична Германија, антистрофата." Стр. 259.
„Северна Америка ми е дури поодвратна отколку Стариот свет, бидејќи овој егоизам на филистерскиот свет носи црвена боја на импертинентно здравје... бидејќи таму е ce така површно и така без корен, скоро би сум рекол, така провинцијално. . . Вие Америка ja наречувате нов свет; тоа е најстариот од сите стари светови, нашите износени костуми таму служат за парада." Стр. 101, 324.

Досега беше познато само тоа дека таму носат неносени германски чорапи, макар тие и да ce и мошне лоши за „парадна" облека.

„Логичко-цврстиот гарантизам на овие институции." Стр. 461.

Кој не му ce радува на таквото цвеќе довек,
Тој не е достоен да ce нарече „човек" 50 !

Каква грациозна палавштина! Каква предизвикувачка наивност! Какво херојско пловење во морето на естетиката! Каква хајнеовска ноншалантност и генијалност!

Ние го измамивме читателот. Белетристиката на господин Грин не ja украсува науката на „вистинскиот социјализам", туку оваа наука само ги пополнува дупките меѓу овие белетристички пљампања. Таа ja прави така да ce каже нивната „социјална заднина".

Во една статија на господин Грин: „Фојербах и социјалистите" („Deutsches Bürgerbuch", стр. 74) може да ce најде следнава изјава:

Кога ќе се спомене Фојербах со тоа ce споменува целата работа на филозофите од Бекон Веруламски до денес, со тоа наедно е речено што филозофијата на крај краишта сака и што значи, со тоа ce добива човекот како краен резултат на светската историја. Со тоа и ce пристапува на работата посигурно, поради тоа што ова ce работи потемелно отколку да ce глаголи работната наемнина, конкуренцијата, недостигот на конституциите и на поредокот... Го добивме човекот, човекот кој ce ослободил од Религијата, од мртвите мисли, од ce што му е туѓо и од сите практични последици што потекнуваат оттука, го добивме чистиот, вистинскиот човек."

Оваа една фраза е достатна за да го објасни видот на „сигурноста" и „темелноста" која треба да ce бара од господин Грин. Тој не ce впушта во малечки прашања. Вооружен со непоматена верба во резултатите на германската филозофија, какви што ce дадени кај Фојербах, — a имено дека „Човекот", „чистиот, вистинскиот човек" е крајна цел на светската историја, дека религијата е отуѓена човечка суштина, дека суштината на човекот е суштина на човекот и мерило на сите ствари; вооружен и со другите вистини на германскиот социјализам (види погоре) дека парите, наемниот труд итн. ce отуѓување на човековата суштина, дека германскиот социјализам е остварување на германската филозофија и теоретска вистина на странскиот социјализам и комунизам итн., — господин Грин патува во Брисел и Париз целосно исполнет со самодопадливоста на „вистинскиот социјализам".

Силните звуци на трубата на господин Грин во слава на „вистинскиот социјализам" и германската наука го надминуваат сето што другите негови истомисленици го сторија во врска со тоа. Што ce однесува до „вистинскиот социјализам", овие пофалби доаѓаат очигледно од срцето. Скромноста на господин Грин не му дозволува да изговори ниту една единствена реченица што веќе не била изречена од некој друг „вистински социјалист" пред него во „Дваесет и еден табак", „Bürgerbuch" и „Neue Anekdota". A и целата негова книга има цел само тоа да ja исполни шемата на конструкцијата на француското социјално движење која ja даде Хес во „Дваесет и еден табак" на стр. 74—88, и со тоа да ja задоволи потребата што е изнесена на истото место на стр. 88 51 . Што ce однесува до големите пофалби на германската Филозофија, таа треба за нив да му биде дотолку поблагодарна до колку тој помалку ja познава националната гордост на „вистинските социјалисти", гордеењето со Германија како земја на „човекот", на „суштината на човекот", во споредба со другите профани националности, достигнува кулминација кај него. Веднаш ќе дадеме некои примери за тоа.

„Би сакал да знам дали од нас треба да учат сите, Французите и Англичаните, Белгијците и Северноамериканците." Стр. 28.

Натаму таа мисла ce развива вака:

„Северноамериканците ми изгледаат во својата основа прозаични, a социјализмот треба најпрвин да го запознаат од нас, наспроти сета нивна законита слобода". Стр. 101.

Особено по 1829 откога имаат сопствена социјалистичко-демократска школа против која ce бореше нивниот економист Купер веќе од 1830 година.

„Белгиските демократи! Веруваш ли дека тие навистина отишле и дополу толку далеку колку ние, Германците? Пак морав да фатам за гуша еден што смета дека остварувањето на слободната човечност е химера!" Стр. 28.

Тука националноста на „човекот", на „суштината на човекот", на „човечноста" ce перчи пред белгиската националност.

„Вие, Французи, оставете го Хегела намира, додека не го разберете." (Веруваме дека инаку многу слабата критика на филозофијата на правото 52 на Лерминие докажува многу поголемо разбирање на Хегел отколку cè што напишал господин Грин, било под сопствено име, било qua (како) »Ernst von der Haide ( „Ернст, жител на степата". — Прев.)".) „(He пијте цела една година ниту кафе ниту вино; не загревајте ги своите духови со возбудливи страсти; пуштете го Гизо да владее и Алжир да падне под власта на Мароко" (како би можел Алжир воопшто да падне под власта на Мароко, дури и кога Французите би го напуштиле!), „седете на мансарда и студирајте ja „Логиката" заедно со „Феноменологијата". A кога најпосле по истекот на една година ќе слезете на улицата мршав со зацрвенети очи и кога, да речеме, ќе ce сопнете од првиот денди или од јавниот телал, тоа нека не ве збуни. Бидејќи станавте во меѓувреме големи и силни луѓе, вашиот дух и како даб што го хранеле чудотворни"(!) „сокови; ce кон што ќе погледнете ви ги открива своите најдлабоки слабости; иако сте создаден дух, вие, сепак. проникнувате во внатрешноста на природата; вашиот поглед е убиствен; вашиот збор преместува ридови, вашата дијалектика е поостра од најострата гилотина. Ќе застанете до Hôtel de Ville — и буржоазијата ќе ja снема, ќе влезете во Palais Bourbon 53 — и таа ќе ce урне, целиот нејзин пратенички дом ќе ce распадне на nihilum album (чисто ништо. — Прев.), Гизо ќе исчезне, Луј Филип ќе пребледне и ќе стане историско сениште, a од сите тие урнатини на миговите триумфално ќе ce крене апсолутната идеја на слободното општество. Без шега. Хегел можете да го победите само ако претходно и самите станете Хегел. Како што веќе погоре реков, љубовницата на Моор може да умре само од раката на Моор". Стр. 115, 116.

Белетристичката миризба што ги опкружува ставовите на „вистинскиот социјализам" ќе го зафати секого. Како и сите „вистински социјалисти", господин Грин не заборава повторно да го изнесе старото дрдорење за површноста на Французите:

„Навистина сум проколнат секогаш кога близу до мене ќе ce најде францускиот дух да ja откријам неговата недостатност и површност". Стр. 371.

Господин Грин не крие од нас дека неговата книга е наменета за тоа германскиот социјализам да го воздигне како критика на францускиот:

„Плебсот на актуелната германска литература рече за нашите социјалистички стремежи дека претставуваат имитација на француските изопачености. Досега никој не сметаше дека е нужно да одговори на тоа макар и со една единствена буква. Тој плебс треба да ce срами — ако во него воопшто има уште чувство на срам — кога ќе ja прочита оваа книга. Тој сигурно не можеше ни да сонува дека германскиот социјализам е критика на францускиот, дека е далеку од тоа Французите да ги смета за пронаоѓачи на новиот contrat social (општествен договор. — Прев. ), туку, напротив, им поставува барање себеси да ce дополнат со германската наука. Во овој час тука во Париз ce подготвува издавањето на преводот на „Суштината на христијанството" од Фојербах. На Французите нека им биде корисна германската школа! Единствено хуманистичкиот поглед на светот може да не оспособи за човечен живот во иднината што и да настане од економската положба на оваа земја, од констелацијата на тукашната политика. Неполитичниот, отфрлениот германски народ, тој народ кој не е никаков народ, го постави каменот-темелник за изградбата на иднината." Стр. 353.

Ce разбира, „за она што настанува" во некоја земја „од економската положба и констелацијата на политиката", „вистинскиот социјалист", кој така интимно е поврзан со „суштината на човекот", нема потреба да знае.

Господин Грин како апостол на „вистинскиот социјализам" не ce задоволува со тоа, како неговите браќа апостоли, гордо да го истакне сезнанието на Германците наспроти незнаењето на другите народи. Тој ja повикува на помош својата стара практика на литерат, на најизвикан можен начин, достоен на светски патник, им ce натрапува на претставниците на разните социјалистички демократски и комунистички партии, ќе ги изѕирка од сите страни и ќе им ce спротивстави како апостол на „вистинскиот социјализам". Тој има уште само да ги поучи, да им даде најдлабоки објаснувања за слободната човечност. Надмоќноста на „вистинскиот социјализам" над партиите на Франција ce преобразува тука во лична надмоќност на господин Грин над претставниците на оваа партија. Најпосле, со тоа ce овозможува околноста не само француските партиски водачи да му послужат на господин Грин како пиедестал, туку и да ce изнесат множество озборувања и на тој начин германскиот провинцијалец да ce обештети за напорите на кои го натераа содржински богатите становишта на „вистинскиот социјализам".

„Целото лице на Катс доби израз на плебејска радост кога му изјавив дека сум мошне задоволен од неговиот говор." Стр. 50.

Господин Грин веднаш почнува да му држи предавање на Катс за францускиот тероризам и „беше среќен што пожнеа аплауз од својот нов пријател". Стр. 51.

Сосема поинакво значење има неговото влијание врз Прудон:

„Имав огромно задоволство да бидам во некоја смисла приватен доцент на човекот чие остроумие можеби никој не го надминал по Лесинг и Кант." Стр. 404.

Луј Блан е само „негово мургаво момче". Стр. 314.

Тој ce распрашуваше со голем интерес, но наедно и со многу незнаење, за околностите кај нас. Ние Германците ги познаваме (?) „француските околности речиси исто така добро колку и самите Французи; барем ги проучуваме" (?). Стр. 315.

И за „таткото Кабе" дознаваме дека е „ограничен". Стр. 382. Господин Грин му поставува „прашања" за кои Кабе „призна дека не ги проучил. Тоа јас" (Грин) „одамна го забележав и тогаш, ce разбира, ce престана до толку повеќе што ми падна на ум дека мисијата на Кабе е одамна завршена". Стр. 381.

Подоцна ќе видиме на кој начин господин Грин умееше да му даде на Кабе нова „мисија".

Ќе укажеме пред ce на шемата и на неколкуте традиционални мисли што го сочинуваат костурот на книгата на Грин. И едното и другото е препишано од Хес, кого господин Грин го парафразира на највелелепен начин. Работите што кај Хес ce cè уште неопределени и мистични, но на кои требаше во почетокот во „Дваесет и еден табак" да им ce даде признание и кои со своите вечни повторни наметнувања во „Bürgerbuch", „Neue Anekdota" и „Rheinische Jahrbücher" станаа досадни и реакционерни во времето кога беа веќе застарени, — тие работи кај господин Грин ce претвораат во целосна бесмислица.

Хес го синтетизира развитокот на францускиот социјализам со развитокот на германската филозофија — Сен-Симон со Шелинг, Фурие со Хегел, Прудон со Фојербах. Спореди на пр. „Дваесет и еден табак" стр. 78, 79, 326, 327, „Neue Anekdota", стр. 194, 195, 196, 202 и следните. (Паралела меѓу Фојербах и Прудон. На пр. Хес: „Фојербах е германски Прудон" итн., „Neue Anekdota", стр. 202. Грин: „Прудон е француски Фојербах" Стр. 404) — Овој шематизам, таков каков што го дава Хес, ja прави сета внатрешна поврзаност на книгата на Грин. Само што господин Грин не пропушта фразите на Хес белетристички да ги обои. Господин Грин точно ги препишува дури и очигледните грешки на Хес, на пр. дека теоретските излагања ja прават „социјалната заднина" и „теоретската база" на практичните движења (на пр „N. An", стр. 192). (На пр. Грин, стр. 264: „Социјалната заднина што ja имаа политичките прашања на осумнаесеттиот век... беше истовремено производ на двата филозофски правца" — на сензуалистите и деистите.) Исто така и мислата дека е потребно само Фојербах да ce внесе во практиката, само да ce примени на социјалниот живот па со тоа да ce даде целосна критика на постојното општество. Ако кон тоа ce додаде и другата критика на францускиот комунизам и социјализам што ja даде Хес, на пр. дека „Фурие, Прудон итн. не излегле од рамките на категоријата на наемниот труд", „Bürgerbuch", стр. 40 и др., дека „Фурие сака да го усреќи новиот свет со асоцијациите на егоизмот", „N. Anekd.", стр. 196, дека „дури ни радикалните француски комунисти уште не ja надминале спротивноста меѓу трудот и задоволството, уште не ce издигнале до единството на производството и потрошувачката итн.", „Bürgerbuch", стр. 43, дека „анархијата е негација на поимот на политичкото владеење", „Дваесет и еден табак", стр. 77 итн. итн., — значи ако сето тоа ce додаде, тогаш ќе ce има в џеб целата критика на Французите што ja даде господин Грин, исто онака како што господин Грин ja имаше веќе в џеб уште пред да отидеше во Париз. Освен ова што е споменато погоре, уште и некои во Германија традиционални фрази за религијата, политиката, националноста, човечкото и нечовечкото итн. итн., фрази кои од филозофите поминаа кај „вистинските социјалисти" му олеснуваат на господин Грин да ги расчисти сметките со француските социјалисти и комунисти. Му останува уште само да го бара „човекот" и зборот „човечки" и да проколнува кога нив не ќе ги најде. На пример: „Ти си политичен, Ти си ограничен", стр. 283. На сличен начин може потем господин Грин да извика: Ти си национален, религиозен, ce занимаваш со политичка економија, Ти имаш Бог — значи Ти не си човечен, Ти си ограничен — што тој тоа и го прави во целата своја книга. Со тоа, ce разбира, политиката, националноста, религијата итн. ce подложени на темелна критика и наедно достатно ce осветлува своевидноста токму на критикуваните писатели и на нивната поврзаност со општествениот развиток.

Веќе оттука ce гледа дека кашата на Грин е под нивото на книгата на Штајн кој барем ce обиде да ja покаже поврзаноста на социјалистичката литература со стварниот развиток на француското општество. Меѓутоа, одвај и да треба да ce споменува дека господин Грин, како во оваа книга, така и во „Neue Anekdota" гледа од најголема височина на својот претходник.

Но, дали господин Грин барем правилно го препиша она што му остана од Хес и другите? Дали во својата шема, усвоена крајно некритички и лекомислено, го зачува барем неопходниот материјал, дали даде точен и целосен приказ на одделните социјалистички писатели според изворите? Тоа ce навистина најмалечки барања што можат да му ce постават на човек од кого треба да ce учат Северноамериканците и Французите, Англичаните и Белгијците, кој беше приватен доцент на Прудон и кој секој миг ce гордее со германската темелност наспроти површните Французи.