Карл Маркс Фридрих Енгелс
Германска идеологија
Почнуваме со оваа статија бидејќи во неа со полна свест и со силно пројавено чувство на сопствено достоинство ce изнесува на виделина германско-националниот карактер на „вистинскиот социјализам".
Стр. 168. „Ce чини дека Французите не ни разопраат своите сопствени гении. Тука им доаѓа на помош германската наука која во социјализмот го дава најразумнпот општествен поредок, ако во случајот на разумот можат да ce употребат степени на споредби".
Овде, значи, „германската наука" дава во социјализмот" еден, и тоа најразумен" „општествен поредок". Социјализмот станува само една гранка на семоќната, премудра, сеопфатна германска наука, која создава дури и општество. Социјализмот е, навистина, од француско потекло, но француските социјалисти беа Германци „по себе", поради што вистинските Французи „не ги разбираа". Затоа нашиов автор може да рече:
„Комунизмот е француски, социјализмот германски; среќа е за Французите што имаат толку среќен општествен инстинкт кој некогаш може да им ги замени научните студии. Овој резултат беше однапред запишан во развојниот тек на овие два народа,Французите преку политиката дојдоа до комунизмот" (сега, ce разбира, ce знае како францускиот народ дојде до комунизмот), „а Германците преку метафизиката, која на крајот ce претвори во антропологија, дојдоа до социјализмот (имено до „вмстинскиот социјализам"). И едниот и другиот на крајот ce раствораат во хуманизам."
Бидејќи комунизмот и социјализмот ce претворени во две апстрактни теории, во два принципа, нема, ce разбира, ништо полесно отколку да ce измисли кое било Хегелово единство на овие две спротивности под кое и да било неопределено име; тоа овозможува не само да ce фрли прониклив поглед во „развојниот тек на двата народа", туку и блескаво да ce прикаже возвишеноста на спекулативната индивидуа над Французите и Германците.
Всушност, оваа фраза е речиси буквално препишана од Питмановиот „Bürgerbuch", стр. 43 и други; како што и авторовите „научни студии" за социјализмот ce ограничуваат на конструктивна репродукција на идеите дадени во таа книга, во „Дваесет и еден табак" и во другите трудови од епохата на настанувањето на германскиот комунизам.
Ќе дадеме само неколку обрасци на приговорите против комунизмот изнесени во оваа статија.
Стр. 168. „Комунизмот не ги поврзува атомите во органска целост."
Да ce бара поврзување на „атомот" во органска целост" е исто како и да ce бара квадратура на кругот.(т.е. квадратност на кружницата А.А.)
„Таков комунизам каков што фактички ce застапува во Франција, во својот главен центар, претставува груба спротивност на егоистичната распаднатост на државата на филистрите, тој не излегува од рамките на оваа политичка спротивност, не ja постигнува безусловната слобода без претпоставки." (Исто)
Voilà го германско-идеалистичкиот постулат на „безусловната слобода без претпоставки" која е само практична формула за „безусловното мислење без претпоставки". Францускиот комунизам е, секако, „груб", затоа што тој претставува теоретски израз на вистинската спротивност од чии рамки, според мислењето на нашиов автор, би требало да излезе така што само ќе си претпостави во својата вообразба дека оваа спротивност веќе ja превозмогнал. Спореди, меѓу другото, „Bürgerbuch", стр. 43.
„Во рамките на комунизмот тиранијата може целосно да ce задржи, затоа што тој не дозволува да ce задржи родот." Стр. 168.
Бедниот род! Досега „родот" постоеше истовремено со „тиранијата"; но токму затоа што комунизмот го укинува „родот", тој може и да го дозволи задржувањето на „тиранијата". A како тоа, според мислењето на нашиот „вистински социјалист", комунизмот почнува да го укинува „родот"? Тој ja „има пред себеси масата". (Исто).
„Човекот во комунизмот не станува свесен за својата суштина... неговата зависност комунизмот ja доведува до краен, најбрутален однос, до зависност од грубата материја— до одвојување на трудот од задоволството. Човекот не ja постигнува слободната морална дејност."
За да можеме да ги оцениме „научните студии" кои нашиот „вистински социјалист" го доведоа до ова становиште, да го споредиме тоа со следново становиште.
„Францускпте социјалисти и комунисти.. теоретски воопшто не ja сознаа суштината на социјализмот... дури ниту радикалните" (француските) „комунисти воопшто не излегле ce уште од ра.мките на спротивноста меѓу трудот и задоволството. .. уште не се издигнале до мислата за слободната дејност... Разликата меѓу комунизмот и светот на цековите е само во тоа што целосно отуѓување на вистинската човечка сопственост во комуннзмот треба да биде ослободено од секаква случајност, т.е. да биде идеалпзирано." „Bürgerbuch", стр. 43.
Значи, нашиов „вистински социјалист" тука им забележува на Французите што имаат правилна свест за своите фактички општествени околности, додека, напротив, би требало тие да му помагаат на „Човекот" да создаде свест за „својата суштина". Сите забелешки на овие „вистински социјалисти" упатени на Французите, ce сведуваат на тоа дека Фојербаховата филозофија не е крајна цел на сето нивно движење. Авторот тргнува од веќе постојното становиште за одвојувањсто на трудот од задоволството. Наместо да започне со тоа становиште, тој прашањето идеолошки го извртува, започнува со непостојната свест на човекот, па оттаму нзвлекува заклучок за „зависноста од грубата материја" и нејзе и препушта да ce реализира во „одвојувањето на трудот од задоволството". Впрочем, ќе видиме уште некои примери на тоа до каде стасува нашиов „вистински социјалист" со својата независност „од грубата материја". — Воопшто, сиве овие господа ce карактеризираат со чудна истенченост на чувствага. Ce, a особено материјата, ги шокира, насекаде ce жалат на грубост. Погоре ние веќе имавме „груба спротивност", a сега имаме „најгруб однос" на „зависност од грубата материја".
Германецот штом уста ќе отвори:
бара грубо да не љубиме
во спротивен случај инаку
здравјето ќе го изгубиме 42'
Ce разбира, германската филозофија, облечена во социјализам, ce впушта, навистина, привидно во „грубата реалност", но секогаш ce чува на почетното растојание од неа и и довикнува со хистерична раздразнетост: noli me tangere! (Не допирај ме! — Прев.)
По овие научни забелешки на францускиот комунизам, минуваме на некои историски излагања кои блескаво сведочат за „слободната морална дејност" и за „научните студии" на нашиов „вистински социјалист", како и за неговата независност од грубата материја.
На стр. 170 авторог доаѓа до тој „резултат" Дека „тој" (повторно) „груб француски комунизам" с единствениот што „постои". Конструкцијата на оваа вистина априори ce врши со голем „општествен инстинкт" и покажува дека „човекот" станал „свесен за својата суштина". Да слушнеме:
„Не постои никаков друг комунизам, бидејќи она што го даде Вајтлинг, е само преработка на фуриеовските и на комунистичките идеи со кои тој ce запознал во Париз и Женева".
„Не постои" никаков англиски комунизам, „бидејќи она што го даде Вајтлинг итн.". Томас Mop, левелерите Овен, Томпсон, Вотс, Холиок, Харни, Морган, Саутвел, Гудвин Бармби, Гривс, Едмондс, Хобсон, Спенс многу би ce зачудиле, односно би ce свртеле в гроб, кога би чуле дека тие и не ce комунисти, „бидејќи" Вајтлинг одеше во Париз и Женева.
Впрочем, ce чини дека Вајтлинговиот комунизам е, сепак, и нешто друго, a не „груб француски", vulgo (просто речено. — Прев.) бабефизам, бидејќи содржи и „фуриеовски идеи".
„Комунистите беа особено силни во градењето системи или на веќе претходно завршените општествени односи (Икарија на Кабе, „La Félicité", Вајтлинг). Ho сите системи ce догматско-диктаторски." Стр. 170.
Изнесувајќи го своето мислење за системите воопшто, „вистинскиот социјализам", ce разбира, си го заштеди трудот да ги проучи самите комунистички системи. Со еден удар тој ja совлада не само Икарија туку и сите филозофски системи од Аристотел до Хегел, „Système de la nature" (главно дело на францускиот материјалист Паул Хајнрих Холбах А.А.), ботаничкиот систем на Лине и на Жисје, па дури и Сончевиот систем. Впрочем, што ce однесува до самите системи, тие ce појавиле речиси сите во почетокот на комунистичкото движење и тогаш и служеле на пропагандата како народни романи, наполно соодветствувајќи на уште неразвиената свест на пролетерите кои тукушто почнуваат да ce раздвижуваат. Самиот Кабе своето дело Икарија го наречува roman philosophique (филозофски роман. — Прев), и за него воопшто не треба да ce суди врз основа на неговиот систем, туку врз основа на неговите полемички трудови и воопшто врз основа на неговата целокупна дејност во својство на шеф на партијата. Некои од овие романи, како на пример, системот на Фурие, ce напишани навистина во поетски дух, други, како системите на Овен и Кабе, лишени од секаква фантазија, ce co трговска пресметаност или со правничко-лукаво умилкување на класата што требаше да ce обработи. Во текот на развитокот на партијата овие системи губат секакво значење и ce задржуваат во краен случај само номинално како парола. Кој во Франција верува во Икарија, кој во Англија верува во различните модифицирани планови на Овен, кои тој самиот, во зависност од изменетите околности или од пропагандата, ги проповедаше кај определени класи? Дека вистинската содржина на овие системи ce наоѓа во нивната системска форма, тоа најдобро го докажуваат ортодоксните фуриеовци од „Démocratie pacifique", кои и покрај сета своја ортодоксност ce вистински антиподи на Фурие, доктринерни буржуи. Вистинска содржина на сите епохални системи претставуваат потребите на времето во кое тие настанале. Во основата на секој од нив ce наоѓа целиот претходен развиток на една нација, историското формирање на класните односи со нивните политички, морални, филозофски и други консеквенци. Во однос на оваа база и на оваа содржина на комунистичките системи ништо не ce постигнува со фразата дека сите системи ce догматско-диктаторски. Кај Германците немаше никакви развиени класни односи, како кај Англичаните и кај Французите. Токму затоа германските комунисти можеа да ja земат базата на својот систем само од условите на оној сталеж од кој потекнаа. Сосем е природно што единствениот постоен германски комунистички систем беше репродукција на француските идеи и во рамките на погледот на светот ограничен од односите на ситните занаетчии.
Тиранијата која ce зачувува во рамките на комунизмот го докажува „безумието" на Кабе кој бара целиот свет да ce претплати на неговиот „Populaire“ (стр. 168). Ако нашиот пријател ги изопачува барањата што еден партиски водач и ги поставува на својата партија, принуден на тоа од определени околности и од опасноста од уситнување на ограничените парични средства, a потем за мерило на тие барања ja земе „сушноста на човекот", тогаш тој, во секој случај, мора да дојде до тој резултат дека овој партиски водач и сите други членови на партијата ce „безумни", a дека ce при здрав ум само непартиските личности, како што ce тој и „сушноста на човекот". Впрочем, од книгата на Кабе „Ma ligne droite" можел тој да ce запознае со вистинската состојба на работите.
На крајот, сета спротивност меѓу нашиов автор и меѓу германските „вистински социјалисти" и идеолози воопшто, од една страна, и стварните движења на другите нации, од друга страна, ce peзимира во една класична фраза. Германците судеа за ce sub specie aeterni (под знакот на вечноста. — Прев., сп. Етика, Спиноза А.А.) (според сушноста на Човекот), странците на ce гледаат практично, според стварно постојните луѓе и односи. Странците мислат и дејствуваат за своето време, a Германците за вечноста. Нашиот „вистински социјалист" ова го признава на следниов начин:
„Комунизмот ja разоткрива својата едностраност веќе со своето име кое означува противпоставеност спрема конкуренцијата; но зар оваа ограниченост, која сега како име ка партијата може да има своја смисла, вечно ќе трае?"
По ова радикално уништување на комунизмот нашиов автор минува на неговата спротивност, на социјализмот.
„Социјализмот воведува анархистичен поредок кој на човечкиот род, како и на вселената, му е суштествено својствен (стр. 170) и кој токму поради тоа досега 'за човечкиот род' не постоеше".
Слободната конкуренција е и премногу „груба" за на нашиот „вистински социјалист" да може да му ce стори како „анархичен поредок".
„Исполнет со доверба во моралното јадро на човештвото'', „социјализмот" декретира дека „соединувањето на половите е и треба да биде само највисок степен на љубовта, бидејќи само она што е природно е вистинито, a вистинитото е морално." Стр. 171.
Причината од која соединувањето итн. итн. „е и треба да биде" може да ce употреби за ce. Ha пример, „исполнет со доверба во моралното јадро" на мајмунскиот род, „социјализмот" може исто така да декретира дека онанијата што кај мајмунот природно ce среќава „е и треба да биде само највисок степен на љубовта" спрема себеси: „бидејки само она што е природно е вистинито, a вистинитото е морално".
Тешко е да ce рече од каде социјализмот го зема мерилото за тоа што е „природно".
„Дејноста и задоволството ce совпаѓаат во своеобразноста на човекот. Двеве споменати нешта ce определуваат од оваа своеобразност, a не од производите кои ce наоѓаат надвор од нас."
„А бидејќи овие производи ce неопходни за дејноста т.е. за вистинскиот живот и бидејќи благодарение на севкупната дејност на целото човештво, така да ce рече, ce одвојуваат од овој последниов.тие ce или треба да бидат општ супстрат на натамошниот развиток (заедница на богатството)."
„Ce разбира, нашето општество е до толкава степен подивено што поединци, гонети од животинска лакомост, ги напаѓаат производите на туѓиот труд и притоа дозволуваат нивната сопствена суштина да изгние поради не-активност (рентиерите); нужна последица од ова е повторно околноста другите — чија сопственост (нивната сопствена човечка суштина) закржлавува не поради неактивност, туку поради напорите — да ce тераат да произведуваат како машини (пролетерите) ... И двава овие екстреми на нашето општество — рентиерите и пролетерите, стојат на ист степен на развиток, и двава зависат од нештата надвор од нив", или тие ce „црнци", како што би рекол Свети Макс. Стр. 169, 170.
Овие погоре изнесени „резултати" на нашиов „Монголец" во врска со „нашето црнештво", претставуваат нешто најзавршено што „вистинскиот социјализам" го има досега „така да ce каже од себе одвоено како производ нужен за вистинскиот живот" и за кој тој, судејќи според „човековата своеобразност", верува дека „целото човештво" мора да го „нападне гонето од животинска лакомост".
„Рентиерите", „пролетерите", „како машината", „заедницата на богатството" — овие четири претстави за нашиов Монголец ce во секој случај „производи кои ce наоѓаат надвор од него", во однос на кои неговата дејност и неговото „задоволство" ce состои во тоа да ги претставува како чисто антиципирани имиња за резултатите од своето сопствено „произведување како машина".
Ние научивме дека општеството подивело и пека поради тоа индивидуите што го сочинуваат самото тоа општество, страдаат од севозможни недостатоци. Општеството ce одвојува од овие инпивидуи, ce осамостојува, дивее на своја рака и дури како последица на ова дивеење ce доаѓа до тоа индивидуите да страдаат. Првата последица на оваа подивеаност ce определбите: „грабливо животно", неактивен" и „носител на сопствената суштина која гние", по кое ние со ужас откриваме дека овие определби ce определби на „рентиерот". Притоа треба само да забележиме дека овој „гниеж на сопствената сушност" не е ништо друго, туку филозофски мистифициран манир да си ja разјасниме себеси „неактивноста" за чија практична природа, ce чини, малку ce знае.
Втора „нужна консеквенција" од оваа прва последица на подивеаноста ce следниве две определби: „Запеченост на сопствената човечка суштина од изнемоштувачки напор" и „принудата да работат како машини" И двете овие определби претставуваат нужна „консеквенција на тоа што рентиерите дозволуваат да гние нивната сопствена суштина", и тие со обичен јазик, како што повторно со ужас разбираме, ce наречуваат „пролетери".
Причинската врска на оваа реченица, според тоа, е следнава: Факт е дека пролетерите постојат и дека работат како машини. Но, зошто пролетерите мораат „да произведуваат како машини"? Затоа што рентиерите „дозволуваат да гние нивната сопствена суштина". A зошто рентиерите дозволуваат да гние нивната сопствена суштина? Затоа што „нашето сегашно општество е толку подивеано". A зошто е тоа толку подивеано? За тоа ни останува да го запрашаме самиот господ бог за нашиов „вистински социјалист" е карактеристично тоа што тој во спротивноста меѓу рентиерите и пролетерите ги гледа „екстремите на нашето општество". Оваа спротивност која, горедолу постоела на сите донекаде развиени степени на општеството и за која од одамнешни времин>а нашироко раскажуваат сите моралисти, повторно е изнесена на видело особено во самиот почеток на пролетерското движење, во времето кога про-летаријатот имаше ce уште општи интереси ço индустриската и ситната буржоазија. Спореди ги на пример, делата на Кобет и П. Л. Курие или »а Сен-Симон, кој во почетокот индустриските капиталисти ce уште ги вбројува во travailleurs (работници. — Прев.), наспроти oisifs (денгубници.— Прев.), рентиерите. Да ce изрече оваа банална спротивност, и тоа не со обичен туку со сакрален филозофски јазик, и да и ce даде на оваа детски наивна мисла, не соодветен туку етеричен, апстрактен израз, — на тоа ce сведува тука, како и во другите случаи, темелноста на германската наука која го достигнува својот крај во „вистинскиот социјализам". Врв на таа темелност е крајот. Тука нашиов „вистински социјалист" ги претвора сосема различните степени од развитокот на пролетерите и рентиерите во „единствен степен на развиток", бидејќи тој може да ги одмине реалните степени на нивниот развиток и да ги подведе под филозофската фраза: „зависност од нештата надвор од нив". Тука „вистинскиот социјализам" го најде оној степен на развиток на кој без секаква трага ce распаднала разликата меѓу сите степени на развитокот во трите царства на природата, во геологијата и историјата.
Наспроти својата омраза спрема „зависноста од нештата надвор од себеси", нашиов „вистински социјалист", сепак, признава дека е зависен од нив, „бидејќи производите", т.е. токму овие нешта, ce и нужни за дејност" и „за вистински живот". Ова срамежливо признание му беше нужно на нашиот автор за да го разгази патот на филозофската конструкција на заедницата на богатството, конструкција која доаѓа до толкава бесмислица што е достатно само да му го свртиме вниманието на читателот кон неа.
Сега поминуваме на првата од погоре цитираните реченици. Тука повторно ќе ce истакне дека „независноста од предметите" е потребна за дејноста и задоволството. Дејноста и задоволството „ce определени" од „своевидноста на човекот". Наместо постоењето на оваа своевидност да ja докаже во дејноста и задоволството на луѓето што го опкружуваат, каде што многу бргу ќе видеше колку ce тука значајни и производите што ce наоѓаат надвор од нас, тој расудува за „совпаѓањето" на двете во „своевидноста на човекот". Наместо своевидноста на луѓето да ja сфати како последица на нивната дејност и со тоа условениот начин на задоволство, тој и двете ги објаснува со „своевидноста на човекот", со што е пресечена секаква натамошна дискусија. Од вистинската дејност на индивидуата тој повторно бега во својата неописива, недостапна своевидност. Впрочем, тука гледаме што вистинските социјалисти подразбираат под „слободна дејност". Нашиот автор невнимателно ни ja издава својата Тајна кога вели дека е таа дејност која „не ce определува со предметите надвор од нас", т.е. тоа е actus purus, чиста, апсолутна дејност, што не е ништо друго освен дејност и која, на крај краишта, ce сведува повторно на илузија за „чистото мислење". Оваа чиста дејност, ce разбира, многу ce загадува кога во неа има материјален супстрат и материјален резултат; „вистинскиот социјалист" ce занимава со таква нечиста дејност само не сакајќи и го презира нејзиниот производ, кој веќе не ce наречува „резултат", туку „само отпадок од човек" (стр. 169). Затоа, субјектот, што е во основата на оваа дејност, и не може да биде стварниот сетилен човек, туку само мислечкиот дух. Така погерманчена „слободната дејност" е само друга форма за горе споменатата „безусловна слобода без претпоставки". Впрочем, колку оваа празна приказна за „слободната дејност" — која кај „вистинските социјалисти" служи само за тоа да го прикрие нивното непознавање на вистинското производство — на крај краишта ce сведува на „чистото мислење", нашиот автор го докажува веќе со тоа што неговиот последен збор е постулат на вистинското сознание.
„Ова разликување на обете главни партии на ова време" (имено на францускиот груб комунизам и на германскиот социјализам)" ce јавило благодарение на развитокот на последните две години, што започна особено во Хесовата Филозофија на чинот — во Хервеговиот „Дваесет к еден табак". Со тоа веќе дојде време конечно да ce осветлат подобро и паролите на општествените партии". Стр. 173.
Значи, тука, на една страна, имаме вистински постојна комунистичка партија во Франција со нејзината литература, а, на друга страна, неколку германски полунаучници, кои ce стремат себеси да си ги разјаснат идеите на оваа литература. Овие последниве ce сметаат, колку и оние првите, за „главна партија. на ова време", значи, за партија која е од големо значење не само за нивната најблиска спротивност, за француските комунисти, туку и за англиските чартисти и комунисти, за американските национал-реформатори и, воопшто, за сите други партии на „ова време". За жал, ниту една од овие партии не знае за егзистенцијата на оваа „главна партија". Меѓутоа, одамна веќе германските идеолози имаат таков манир секоја од нивните литературни фракции, особено онаа што си вообразува дека „оди најдалеку", да ce прогласува не само за една од „главните партии", туку ток.му и за „главна партија на ова време". На тој начин имаме, меѓу другото, и „главна партија" на критичката критика, „главна партија" на егоизмот согласен со самиот себеси и сега „главна партија" на „вистинските социјалисти". Германија на овој начин може да дојде уште и до цело купиште „главни партии" чија егзистенција е позната само во Германија, a и овде само меѓу малечкиот сталеж од научници, полунаучници и литерати, a сите тие си вообразуваат дека го раздвижуваат тркалото на светската историја додека ja предат долгата редица на своите сопствени фантазии.
Оваа „главна партија" на „вистинските социјалисти" „ce јави благодарение на развитокот на последниве две години што започна особено со Филозофијата на Хес", т.е. таа „ce јави" кога „почна мешањето на нашиов автор во социјализмот, лмено во „двете последни години", поради што за него „дојде времето" себеси со помошта на неколку „пароли" „најпосле еднаш подобро" да си го разјасни она што самиот го смета за „општествена партија".
Откако на овој начин ce расправи со комунизмот и социјализмот, нашиот автор ни го разоткрива нивното повисоко единство — хуманизмот. Од тој час ние зачекоруваме врз почвата на „Човекот" и отсега целокупната историја на нашиот „вистински социјалист" ce одвива само во Германија.
„Во хуманизмот ce решаваат сите спорови околу имињата, чуму комунисти, чуму социјалисти? Ние сме луѓе (стр. 172) — tous frères, tous amis!
Малку, малку ќе ни помогне, браќа, —
да пливаме против струјата сал.
На планината Темпловска да ce искачиме
и да викнеме: „Да живее нашиов крал"! 43
Чуму луѓе, чуму ѕверки, чуму билки, чуму камења? Ние сме тела!
Потем следува историското расудување кое ce засновува врз германската наука и кое на Французите еднаш ќе им помогне да го замени" нивниот „општествен инстинкт". Античкото време — наивност, средниот век — романтика, новото време — хуманизам. Ce разбира, со помошта на овие три тривијалности историски е конструиран хуманизмот на нашиов автор со кој покажува дека тој ja претставува вистината на некогашните Humaniora 44 . Во врска со ваквите конструкции спореди во првиот том за „Свети Макс" кој оваа стока ja фабрикува многу повешто и со помалку дилетантизам.
На стр. 172 ни ce соопштува дека
„последна последица од схоластицизмот е расцепот на животот, расцеп кој Хес ќе го уништи".
Според тоа, теоријата тука ни ce прикажува како причина за „расцепот на животот". Непоимливо е зошто овие „вистински социјалисти" и зборуваат воопшто за општеството, кога, како и филозофите, веруваат дека сите вистииски расцепи ce предизвикани од расцепите на поимите. Во оваа своја филозофска вера во таквата моќ на поимите која го создава и разорува светот тие можат тогаш да си вообразат дека која и да било индивидуа со кое и да било „уништување" со поими „го уништила расцепот на животот". Кај овие „вистински социјалисти", како и кај идеолозите, непрекинато ce меша литературната историја со стварната историја, како нешто кое има исто дејство. Овој манир, секако, е мошне разбирлив кај Германците, кои бедната улога што ja играа и што непрекинато ja играат во стварната историја, ja прикриваат со тоа што илузиите, со кои беа особено богати, ги ставаат паралелно со стварноста.
A сега да минеме на оние „последни две години" во текот на кои германската наука најтемелно ги реши сите прашања, a на другите нации им ja остави само улогата да ги извршат нејзините декрети.
„Фојербах само еднострано го изврши, т.е. го започна делото на антропологијата, човековото повторно здобивање со неговата" (на Фојербах или на човекот?) „од него отуѓената суштина; тој ja уништи религиознатл илузија, теоретската апстракција, богочовекот, додека Хес ja разори политичката илузија, апстракцијата на неговата" (на Хес или на човекот?) „способност, на неговата дејност, т.е. го разори имотот. Само благодарение на трудог на Хес, Човекот е ослободен од последните сили надвор од него и е оспособен за морална дејност — сета некористољубивост на поранешното" (претхесовско) „време беше само привидна — и повторно е воспоставено неговото достоинство: навистина, каде човекот порано" (пред Хес) „важеше за она што беше? Зар не го ценеа според богатството што го имаше? Неговите пари го определуваа неговото значење." Стр. 171.
3a сиве овие големи зборови за ослободувањето итн. е карактеристично тоа дека ослободувањето итн. е секогаш само „Човекот". Иако, судејќи по она што погоре е речено, ce чини дека престанале да постојат „имотот", „парите" итн., сепак од следнава реченица ние дознаваме:
„Дури сега, по разурнувањето на оваа илузија" (парите, разгледувани sub specie aeterni, ce секако, илузија : l'or n'est qu'une chimère (златото е само химера. — од операта Робер л`Диабл на Жакомо Мевербер. АА)) „може да ce мисли само на нов, човечки, поредок на општеството" (Истото).
Но тоа е сосем излишно, бидејќи
„сознаннето нл суштината на човекот го има веќе како природна, нужна последица вистинскиот човечки живот", (Стр. 172).
Да стасаме преку метафизиката, преку политиката итн. до комунизмот или социјализмот, тие мошне сакани фрази на „вистинските социјалисти“, не значат ништо друго туку дека еден или друг писател во фразеологијата на своето досегашно становиште ги усвоил комунистичките идеи (кои му дошле однадвор и кои настанале од сосем други односи) и им го дал оној израз што соодветствува на ова становиште. Дали кај цел еден народ ќе превладува ова или она становиште, дали неговиот комунистички начин на разбирање ќе биде обоен политички, метафизички или поинаку, тоа, ce разбира, зависи од севкупниот развиток на тој народ. Од фактот дека начинот на разбирањето на мнозинството од француските комунисти е обоен полнтички, — факт наспроти кој стои друг факт, дека мошне голем број француски социјалисти сосема ce апстрахирале од политиката — од тој факт нашиов автор го извлекува заклучокот дека Французите „стасале до комунизмот" со „помошта на политиката, со својот политички развиток". Ова становиште кое во Германија е мошне многу распространето, не докажува дека нашиов автор знае што-годе било за политиката, особено за францускиот политички развиток, или за комунизмот, туку само тоа дека тој смета дека политиката е самостојна сфера која има свој сопствен, самостоен развиток, a таа вера му е заедничка со сите идеолози.
Друга девиза на „вистинските социјалисти" е „вистинската сопственост", „вистинската, лична сопственост", „стварната", „општествената", „живата", „природната" итн. итн. сопственост, наспроти која тие — што е мошне карактеристично — приватната сопственост ja наречуваат „таканаречена сопственост". Ние укажавме уште во првиот том на тоа дека ваквата јазична употреба води потекло од сенсимонистите кај кои таа, меѓутоа, никогаш не ja доби оваа германски метафизичкомистериозна форма, и кај кои таа во почетокот на социјалистичкото движење била донекаде и оправдана, ако ce земе предвид плиткоумната викотница на буржуите. Впрочем, крајот каков што го доживеаја мнозинството сенсимонисти докажува колку лесно оваа „вистинска сопственост" ce сведува повторно на „обична приватна сопственост".
Ако спротивноста на комунизмот спрема светот на приватната сопственост ce замисли во најгрубата форма, т.е. во најапстрактната форма во кoja ce отстрануваат сите вистински услови на оваа спротивност, тогаш ce добива спротивност меѓу сопственоста и отсуството на сопственост. Тогаш укинувањето на оваа спротивност може да ce сфати како укинување на едната или другата страна како укинување на сопственоста, при што ce појавува општо отсуство на сопственоста или ништожност, или може да ce сфати како укинување на отсуството на сопственоста кое ce состои во воспоставување на вистинската сопственост. Во стварноста на едната страна стојат вистинските приватни сопственици, a на другата — комунистичките пролетери без сопственост. Оваа спротивност ce заострува секојдневно и нужно води кон криза Значи, ако теоретските претставници на пролетерите сакаат да постигнат што-годе со својата литературна дејност, тие мораат да инсистираат пред ce на тоа да ce отстранат сите фрази кои ja слабеат свеста за заостреноста на оваа спротивност, сите фрази кои ja покриваат оваа спротивност и дури им овозможуваат на буржуите, заради секоја сигурност, да им ce приближат на комунистите врз основа на своите филантропски фантазирања. Но сиве овие лоши својства ги наоѓаме во девизите на „вистинските социјалисти", особено во „вистинската сопственост". Мошне добро знаеме дека неколкумина германски фразери не можат да го расипат комунистичкото движење. Но, сепак, во земја каква што е Германија — каде што филозофските фрази веќе со столетја имале определена моќ и каде што отсуството на остри класни спротивности, какви што постојат кај другите нации, и без тоа и даваат помалку острина и решителност на комунистичката свест — нужно е да ce истапи против сите фрази што би можеле уште повеќе да ja ослабат и разводнат свеста за тоталната спротивност на комунизмот спрема постојниот поредок во светот.
Оваа теорија за вистинската сопственост ja разбира досегашната стварна приватна сопственост само како привид, a претставата, апстрахирана од оваа стварна сопственост, како вистина и стварност на овој привид — таа е значи целосно идеолошка. Таа само појасно и поопределено ги изразува претставите на малограѓанинот чии добротворни стремежи и пусти желби исто така ce сведуваат на укинување на отсуството на сопственост. Во оваа статија повторно видовме каков ограничено-национален начин на разбирање ce наоѓа во основата на божемниот универзализам и космополитизам на Германците:
Французите и Русите имаат земја,
Англичаните море,
A ние го владееме царството на сништата
И тука сме додека не не разбијат
Ние тука хегемонија имаме
Тука не сме разбиени
Другите народи
На рамница ce развиени. 45
Ова царство на соништата во воздухот, царството на „суштината на човекот" Германците, со силно чувство на сопствено достоинство, им го противставуваат на другите народи како завршок и цел на целата светска историја; тие на сите полиња гледаат на своите фантазии како на конечен краен суд за делата на другите нации, и, затоа што насекаде мораат само да набљудуваат и да следат со погледот, веруваат дека ce повикани да му судат на целиот свет и да тврдат дека севкупната историја ja постигнува својата конечна цел во Германија. Ние веќе повеќепати видовме дека оваа надуена и прекумерна национална гордост и соодветствува на наполно ситничавата, цеховска и занаетчиска практика. Ако националната ограниченост е секаде одвратна, таа во Германија е особено гнасна, затоа што таа тука, заедно со илузијата за возвишеноста над националитетот и над сите вистински интереси, им ce спротивставува на оние националности што отворено ги признаваат својата нацнонална ограниченост и своето засновување на вистинските интереси. Впрочем, кај сите народи упорното настојување на националноста може да ce најде уште само кај буржуите и нивните писатели.