Карл Маркс Фридрих Енгелс

Германска идеологија


TOM II

КРИТИКА HA ГЕРМАНСКИОТ СОЦИЈАЛИЗАМ ВО ЛИЦЕТО НА НЕГОВИТЕ РАЗЛИЧНИ ПРОРОЦИ


ВИСТИНСКИОТ СОЦИЈАЛИЗАМ

Истиот однос што го проследивме во првиот том меѓу досегашниот германски либерализам и француското и англиското буржоаско движење, постои и меѓу германскиот социјализам и пролетерското движење на Франција и Англија. Паралелно со германските комунисти ce појавија определен број писатели што ги прифатија француските и англиските комунистички идеи и ги споија со своите германско-филозофски претпоставки. Овие „социјалисти", или „вистински социјалисти", како што ce наречуваат себеси, не гледаат во странската комунистичка литература израз и производ на едно вистинско движење, туку чисто теоретски трудови кои целосно, исто онака како што тие себеси си го замислуваат настанувањето на германските филозофски системи, произлегле од „чистата мисла". Тие и не помислуваат на тоа дека во основите на овие трудови, дури и тогаш кога тие проповедаат системи, ce наоѓаат практичните потреби, ce наоѓаат целокупните жмвотни услови на една определена класа на определени земји. Тие лекомислено ja земаат илузијата на некои од овие литературни претставници на партијата, како кај нив да станува збор за „најразумниот" поредок на општеството, a не за потребите на една определена класа и епоха. Германската идеологија, чиј плен ce овие „вистински социјалисти", не им дозволува да го набљудуваат реалниот однос. Нивната дејност во однос на „ненаучните" Французи и Англичани ce состои само во тоа да предизвикаат презир на германската публика, пред ce спрема површноста или „грубиот" емпиризам на овие странци, да и пеат химна на „германската наука" и да и ja припишат мисијата — најпосле да ja изнесе на бел свет вистината на комунизмот и социјализмот, да го покажат апсолутниот, „вистинскиот социјализам". И тие веднаш се даваат на работа како претставници на германската наука" да ja извршат оваа мисија, иако во повеќето случаи оваа „германска наука" им стана речисе исто толку туѓа колку и оригиналните трудови на Французите и Англичаните кои ги познаваат само од компилациите на Штајн, Елкерс 38 итн. A во што ce состои оваа „вистина" што тие им ja припишуваат на социјализмот и комунизмот? Тие ce обидуваат со помошта на германската, особено со помошта на Хегеловата и Фојербаховата идеологија да ги разјаснат идеите на социјалистичката литература, што ce за нив целосно поразјасниви делумно поради нивното непознавање на чисто литературниот контекст на оваа литература, a делумно поради веќе споменатото погрешно нивно разбирање на таа литература. Тие ги одделуваат комунистичките системи, критиките и полемичките трудови од реалното движење, чии ce тие прост израз, и потем ги доведуваат во сосема произволна врска со германската филозофија. Тие ja одвојуваат свеста на определени историски условени области на животот од самите тие области на животот и ja применуваат врз неа мерката на вистинската, апсолутната, т.е. германско-филозофската свест. Тие сосем доследно ги претвораат односите на овие определени индивидуи во односи на „Човекот", тие ги толкуваат мислите на тие определени индивидуи за нивните сопствени односи во смисла на тоа како да ce тоа мисли за „Човекот". На тој начин тие ce вратија од вистинската историска почва врз почвата на идеологијата и сега можат — бидејќи не го познаваат вистинскиот контекст — со помошта на „апсолутната" или со некоја друга идеолошка метода лесно да конструираат некој фантастичен контекст. Овој превод на француските идеи на јазикот на германските идеолози и оваа произволно исфабрикувана врска меѓу комунизмот и германската идеологија го претставуваа сега таканаречениот „вистински социјализам" кој на висок глас ce огласува како „гордост на нацијата и предмет на завист за сите соседни народи", како што тоа ториевците го велат за англискиот устав.

Значи, тој „вистански социјализам" не е ништо друго туку преобразба на пролетерскиот комунизам и нему, повеќе или помалку, блиски партии и секти во Франција и Англија на небото на германскиот дух и, како што исто така ќе видиме, на германската душа. Вистинскиот социјализам, кој тврди дека ce засновува врз „науката", е пред ce и самиот езотерична наука; неговата теоретска литература е само за оние што ce посветени во тајните на „мислечкиот дух". Но тој има и егзотерична литература, тој мора да прави пропаганда веќе и затоа што води сметка за општествените, егзотерични односи. Во оваа егзотерична литература тој веќе не апелира на германскиот „мислечки дух", туку на германската „душа". Тоа е до толку полесно за „вистинскиот социјализам", што тој, на кого веќе не му е до вистинските луѓе, туку до „Човекот", ja загуби сета своја револуционерна страст и наместо неа прокламира општо човекољубие. Со тоа тој не им ce обрнува на пролетерите, туку на обете најмногубројни класи на луѓе во Германија, на малограѓаните и на нивните филантропски илузии и на идеолозите на истите тие малограѓани, на филозофите и на филозофските ученици; тој ce обрнува воопшто на „обичната" и на необичната свест која сега владее во Германија.

Адекватно на односите кои фактички постојат во Германија, беше нужно да ce формира оваа меѓусекта, да ce обиде да ce постигне помирување на комунизмот со владејачките претстави. Нужно беше, исто така, и тоа, што множеството германски комунисти, кои тргнуваа од филозофијата, дури со помош на таквиот премин дојде и ce уште доаѓа до комунизмот, додека другите, кои не можат да ce ослободат од прангите на идеологијата, ќе го проповедаат тој „вистински социјализам" ce до својот крај. Затоа,, не можеме да знаеме дали оние „вистински социјалисти" чии трудови критикувани тука, напишани пред извесно време, ce уште стојат на тоа становиште или отишле подалеку од него. Ние воопшто немаме ништо против личноста, ние ги земаме само печатените документи како израз на правецот кој е неизбежен за толку зачмаена земја каква што е Германија.

Но, освен ова, „вистинскиот социјализам", секако, на масата на младогерманските белетристи 39 , доктори-чудотворци и други литерати им го отвори патот за експлоатирање на социјалното движење. Недостигот на вистински, страсни, практични партиски борби во Германија од социјалното движење во почетокот направи чисто литературно. „Вистинскиот социјализам" е најсовршеното социјално литературно движење кое настана надвор од вистинските партиски интереси и сега, откако веќе ce формира комунистичката партија, сака да постои независно од неа. Ce разбира дека, почнувајќи од настанувањето на вистинската комунистичка партија во Германија, „вистинските социјалисти" ce повеќе ce ограничуваат на малограѓаните како публика и на импотентните и пропаднати литерати како претставници на таа публика.